Бројот на заразени и починати се намалува, тврдат од СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Февруари, 2021
Бројот на новозаболени и смртни случаи од Ковид-19 се намалува, тврдат од Светската здравствена организација (СЗО).
Во периодот од 1 до 7 февруари бројот на новозаболени се намалил за 17 проценти на светско ниво, а вкупниот број на смртни случаи се намалил за 10 проценти. Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на новозаболени лица во светот се намалува четврта недела по ред, пренесува „Ројтерс“. Најголем пад на бројот на нови случаи е потврден во Африка (22 проценти), Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти). Смртноста е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка. Помеѓу 1 и 7 февруари, најголем број нови случаи се потврдени во САД, околу 871.000, следи Бразил со околу 328.000, Франција со 136.000 и Велика Британија со приближно 133.000. Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи и 2.302.614 починати.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.