18 Декември, 2025
0.0968

БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Е ВО ПОРАСТ: Дали и во Македонија се присутни „Ерис“ и „Фроникс“

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2023 07:14

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација предупреди дека корона вирусот сè уште циркулира, а американските епидемиолози тврдат дека пандемијата сè уште не е завршена. Дали и кај нас ќе се појават или веќе се присутни новите соеви на корона вирусот Ерис и Фроникс, се очекува неделава здравствените власти да соопштат. Институтот за јавно здравје констатира дека во август има мал пораст на бројот на зболени од корона вирусот, нагласувајќи дека во однос на претходниот месец јули се регистрира зголемување на бројот на пријавени од КОВИД-19 за 4,6 пати. Сепак, во однос на август лани, односно 2022 кога сме имале нешто над 12.000, се регистрира многукратно намалување на заболените.

-Од заболените во август 2023, најголем број на заболени, одноно 34 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (73,4/100.000) се регистрира во Кавадарци. Триесет и пет од заболените лица се реинфекции. Во текот на месецот пријавено е едно починато лице. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=44; 39,3%), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за Фактор вели дека во текот на неделава ќе имаат состанок по што ќе соопштат одредени информации за корона вирусот во Македонија. Цени дека состојбата е далеку од алармантна, но според него се потребни одредени пдоготовки.

-На располагање имаме 50.000 ковалентни вакцини од Компанијата Фајзер и препораката на Светската здравствена организација е сите повозрасни граѓани, односно над 65 години да ја примат со цел зајакнување на имунитетот. Формален состанок за корона вирусот ќе имаме или во среда или во четврток по што ќе соопштиме детали, рече д-р Мехмедовиќ.

Инаку, во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец август се тестирани вкупно 512 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 1,4% во однос на минатиот месец, кога биле тестирани 505 лица.

Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ, за Фактор вели дека таму се хоспитализирани само шест пациенти со Ковид-19, а поголем е бројот на пациентите кои доаѓаат на амбулантски преглед.

-Во моментов имаме шест лежечки пацинти со корона вирус. Станува збор за повозрасни луѓе кои имаат и други здравствени состојби, односно коморбидети. Тројца од нив се во потешка состојба, имаат посериозна клиничка слика, а генерално симптомите на ковидот не се разликуваат од претходниот период. Се забележува пораст на бројот на пациенти во клиничката амбуланта, заради што апелираме матичните лекари на Клиниката за инфективни болести да препраќаат само пациенти со тешка и со средно тешка клиничка слика, вели д-р Стевановиќ за Фактор.

Инаку бројот на заболени од новите соеви на корона вирусот Ерис и Фроникс е во голем и во соседна Србија и во Албанија.  

Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни. Клиничката слика покажува зашеметеност, болки во грлото, кашлица, треска и замор. Во Србија, пак само за една недела се регистрирани 1.500 позитивни од 7.000 тестирања.

Според здравствените власти на овие држави, ситуацијата не е загрижувачка, бидејќи Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.

Анита Буховски

фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери