17 Декември, 2025
0.0534

Броудер: Путин е најбогат човек на светот!

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2015 20:02

Добивај вести на Viber

Американскиот бизнисмен и некогаш најголемиот странски инвеститор во Русија Бил Броудер верува дека рускиот претседател Владимир Путин е најбогат човек на светот.

Броудер вели дека Путин за 14 години власт стекнал огромно богатство и дека располага со неверојатни 200 милијарди долари во недвижности, пари на тајни швајцарски сметки, акции и хеџ фондови.

„После 14 години на позицијата апсолутна моќ во Русија, откако парите кои таа земја ги направила за тоа време и земјаќи го предвид фактот дека тие пари не се трошени на училиште, патишта и болници, јасно е дека тие пари сега се во недвижности или на разни сметки и фондови кои се водат за Путин“, рекол Брудер гостувајќи на американската телевизија Си-Ен-Ен.

Американскиот бизнисмен смета дека Путин е далеку побогат од официјално најбогатиот човек Бил Гејтс, чиј имот е проценет на 79 милијарди долари.

„Првите осум до десет години на власт во Русија се сведуваат на кражба и земање колку е тоа можно. Некои луѓе, меѓу кои сум и јас, веруваат дека тој е најбогатиот човек на светот, со стотици милијарди украдени од Русија“, рекол Броудер.

Како што тврди, Путин и неговите блиски соработници на сметка на државните пари станале „апсурдно богати“.

Инаку, сам Броудер своевремено соработувал со Путин и бил на негова страна, но нивната расделба не била најпријатна.

„Неговите луѓе го убија мојот адвокат. Сите се збогатија. Зошто да им дадеме да дојдат во САД“, рекол тој.

Извршниот директор на „Ермитаж капитал менаџмент“ рекол дека до судирите дошло бидејќи како Путинов бизнис партнер „ги загрозил неговите пари“.

„После десет години живот во Москва ме запреа во ВИП делот. Ме држеа 15 часа и ме прогласија за закана на националната безбедност. Тогаш не претчуствував, но сега ми е целосно јасно дека Путин стоел зад сето тоа. Не беше во прашање борба на олигарсите, тој е најголемиот олигарх“, рекол Бродер.

Тој вели дека моќта е многу едноставна работа во Русија.

„Кој може да апси, тој е моќен. Така Путин има луѓе околу себе кои можат да апсат. Не е битно колку си богат, кога може да те уапсат, пикнат во затвор и да ти ги земат сите пари. Тогаш кој тоа го може, тој е најмоќен во Русија“, рекол тој.

„Бизнис инсајдер“ потсетува и на слично мислење на Ен Еплбаум од њујоршкиот магазин за интелектуалци „NYRB“.

„Откако што ја презеде власта, брзо покажал дека сака да ја тргне елитата од ерата на Јелцин и воспостави нова елита - воглавно на луѓето кои се од Санкт Петербург. Тие се подеднакво корумпирани, но и лојални само на него“, наведува таа.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“