Брзи тестови и во Кочани, Кавадарци, Велес, Куманово - сепак, закажување само преку матичен
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020 12:39
Министерството за здравство информира дека од вчера започнало тестирањето со брзи антигенски тестови во општите болници во Кочани и Кавадарци, и во здравствените домови во Велес и Куманово.
Денеска, пак, со брзи тестови почнуваат и здравствените домови во Битола и Делчево, а Центарот за јавно здравје Битола од понеделник, 30 ноември.
Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.
„И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање“, велат од Здравство.
Досега, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.
„Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски - брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните“, објаснуваат здравствените власти.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




