БУБАМАРАТА ВО РАЦЕТЕ НА ЛЕО - здравјето му се подобрува, нема откажување
Објавено во: Македонија 25 Март, 2024 06:31
Со желба за побрзо оздравување и целосно закрепнување, „Бубамарата“ која дуото „ДНК“ ја продаде со цел да собере пари за негово лекување најпосле стигна во рацете на младиот Лео.
- Лео конечно си ја доби Бубамарата од дуото DNK.
Лео многу ве поздрави и ни кажа дека благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето му иде на подобро, и дека нема намера да се откаже - пишува во објавата на Фејсбук.
За потсетување групата ДНК објавија лицитација за Бубамарата што ја добија, со цел да помогнат во лекувањето на момчето.
- И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари - напишаа неодамна ДНК.
Сепак купецот на наградата одлучи таа да оди кај Лео за да му покаже дека цела Македонија навива за негово оздравување.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




