06 Октомври, 2024
0.0759

БУЏЕТ, МАЈ: Помалку пари од даноци, повеќе пари за плати!?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Намалување на буџетските приходи по основ на даноци и придонеси, раст на неданочните приходи, кои ги опфаќаат казните, таксите, глобите и профитите од јавните претпријатија. Ова го покажуваат новите мајски податоци за реализација на Буџетот. На приходната страна, во петтиот месец од годинава вкупните приходи во Буџетот изнесувале 223,5 милиони евра и во споредба со април е регистриран пад од 10,2 милиони евра. Намалување на приходите е регистрирано по основ на персонален данок и данок на добивка, при што драматичен пад има токму кај данокот на добивка. Во април приходите од овој данок изнесувале 35,7 милиони евра а во мај само 11 милиони евра. Во споредба со април, во мај е регистриран раст кај приходите од ДДВ, чие ниво изнесува 61,4 милиони евра. Во првите пет месеци од годинава, во Буџетот се реализирале вкупни приходи во вредност од 1 милијарда евра што претставува 40% од вкупните приходи за целата година, позиционирани на 2,6 милијарди евра. На расходната страна, во мај во споредба со април има раст на трошоците. Имено, во петтиот месец од годинава се државата потрошила скоро 250 милиони евра. Позначаен пораст има кај ставката за плати и придонеси, преку која се одлеале 232,6 милиони евра. Пораст на трошоците во однос на април има и за стоки и услуги, односно во мај преку оваа ставка се потрошиле 33 милиони евра. Кај капиталните трошоци пак во мај во споредба со април има намалување. Така, во мај по овој основ од буџетот се одлеале 17 милиони евра. Во првите пет месеци од годинава за капитални трошоци биле потрошени 105,2 милиони евра или 30,8% од капиталните расходи предвидени за целата година, во вредност од 344,8 милиони евра. Заклучно со мај, буџетскиот дефицит изнесува 128,5 милиони евра што претставува скоро 43% од буџетскиот дефицит планиран за целата година, на ниво од 300,7 милиони евра. По основ на отплата на главница за домашни и надворешни долгови, во мај Владата потрошила речиси 6 милиони евра. Пред неколку месеци министерот за финансии Зоран Ставрески најави дека ќе се направат анализи за тоа дали е потребен и кога би имало ребаланс на Буџетот. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта