05 Декември, 2025
0.0307

„БУЏЕТОТ НИТУ Е СОЦИЈАЛЕН, НИТУ РАЗВОЕН“: Филипче со критика - мала сума за капитални инвестиции, што ќе се случи ако има криза?

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2025 10:56

Добивај вести на Viber

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во интервјуто во телевизиско гостување посочи дека централниот буџет, така како што е конструиран, не е социјален, нема развојна компонента и нема капацитет континуирано да го сервисира продлабочениот дефицит во Фондот за пензиско осигурување.

Според него, со буџетот се става во ризик исплатата на пензиите.

- Се поставува прашањето, вака конструиран буџет којшто не е ниту социјален, ниту ги задоволува потребите на загрозените категории на граѓани, ниту пак може да пресретне криза, ниту е развоен, затоа што има многу мала сума на пари за капитални инвестиции, што ќе се случи ако има некаква криза и тие пари не можат да стигнат до пензионерите. Нема да има исплата на пензии. Тоа ќе се случи и тоа е тоа на што ние предупредуваме - рече Филипче.

Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите направи упад во Фондот за ПИОМ-буџетската дупка се зголеми, а пензионерите добија помало покачување од тоа што требаше да го добијат со методологијата.

- Ова зголемување на пензиите е помало од тоа што требаше да биде ако ја задржеа методологијата за раст на пензиите, која што беше врзана со инфлацијата, со растот на трошоците за живот и со растот на просечната плата. Значи сега пензионерите наместо 1.000 денари ќе добиеја помеѓу 1.200-1.300 и 3.200-3.300 денари зголемување - рече Филипче.

Во интервјуто Филипче потсети дека владата на СДСМ во 2017 година го затекна Фондот за ПИОМ со дефицит од 50 отсто, за во 2024 година, пред изборите, таа дупка да се намали на 30 проценти.

- Сега се зголеми повторно дефицитот. Дупката во Фондот за ПИОМ од 30 отсто, до која што ја донесовме после напорна работа со Светска банка и со имплементација на методологија, со линеарното зголемување повторно достигна 50 проценти. 

И сега, во буџетот за 2026 година, една милијарда евра односно 50 отсто од вкупната маса за пари која што ќе треба да биде тука за да се исплатат пензиите треба да ја даде Буџетот на државата - посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво