Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, вели Рама
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 15:15
Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Вели дека ниту пандемијата, ниту војната не ги обедини Европејците. Тој додаде дека Македонија била главна тема, која 17 години чека на отворање на преговорите и го сменила името, што не довело до никаков напредок.
„Не е само Бугарија во прашање, тоа е проблем, но не е само Бугарија. Европската унија е уморна од проширувањето. Таа стана повеќе инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота и една земја ги краде шансите за пристапни преговори со другите членки. Излезе дека една земја наметнува нешто свое а другите членки не можат ништо да направат околу тоа. Знаеме дека Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Северна Македонија, а тоа води до раздор. Нема да го чекаме Годо. „Ние на Балканот нема да се откажеме и ќе продолжиме да работиме и еден ден ќе станеме членки на Европската унија“, додаде Рама.
Тој додаде дека граѓаните на Косово не можат слободно да се движат во Европа и само ним им е забрането да се движат.
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




