БУГАРИЈА И РОМАНИЈА СО НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТНАТА СИЛА - Големи разлики меѓу земјите членки на Унијата

Објавено во: Економија 01 Април, 2023
Просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра, додека пак во Еврозоната 34,3 евра и забележале раст, објави „Евростат“.
Податоците покажуваат дека најниски трошоци за работната сила има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург.
- Просечните трошоци за работна сила по час прикриваат значителни јазови меѓу земјите на ЕУ, при што најниски трошоци за работна сила се забележани во Бугарија 8,2 евра и Романија 9,5 евра, а највисоки во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра.
Трошоците за работна сила по час во индустријата беа 30,7 евра во ЕУ и 36,6 евра во еврозоната. Во градежништвото тие беа 27,3 и 30,8 евра, соодветно. Во услугите, трошоците за работна сила по час беа 30,2 евра во ЕУ и 33,3 евра во еврозоната - објави „Евростат“
Податоците говорат дека во 2022 година, во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила по час на ниво на целата економија изразени во евра се зголемиле за 5 отсто во ЕУ и за 4,7 проценти во еврозоната.
Во еврозоната, трошоците за работна сила по час се зголемија во сите земји-членки. Најголеми зголемувања се забележани во Литванија (+13,3%), Ирска (+9,3%) и Естонија (+9,1%).
За земјите од ЕУ надвор од еврозоната, трошоците за работна сила на час изразени во национална валута се зголемија во 2022 година во сите земји, со најголем пораст забележан во Бугарија (+15,3%), Унгарија (+13,9%), Романија (+12,2%) и Полска (+11,7%). Најмалку се зголемија во Данска (+2,3%).
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ ЗОШТО ОВАА ЕКОНОМСКА КРИЗА Е ПОЛОША ОД ГОЛЕМАТА РЕЦЕСИЈА: И бизнисот со испорака на храна полека почнува да „пука“

Анѓушев домаќин на британска делегација:Средба со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

РКЕ ДАЛА ЛИЦЕНЦИ НА 486 ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ: Ќе се задоволат потребите на близу 100 илјади домаќинства

НОВА ВЕСТ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА: „Ќе продолжиме да ги зголемуваме каматите“

ЦЕЛИОТ РЕГИОН Е СО ДЛАБОКИ ЕКОНОМСКИ ЛУЗНИ: ММФ објави што не очекува во следниот период

ПОЛН РЕЗЕРВОАР ЗА 60 ЕВРА: Македонија има најевтино гориво во регионот, според српските медиуми

Груевски и неговата „економска парадигма“: Колку странските фирми изнесуваат профит од Македонија, толку македонските фирми да внесуваат профит од нивни инвестиции во странство

КОЈ ТРГОВСКИ СИНЏИР Е НА ПРВО МЕСТО ПО ЗАРАБОТКА? Еве колку финансии остваруваат во Хрватска

НА ЗЕМЈИТЕ ИМ Е СЕ ПОТЕШКО ДА ДОЈДАТ ДО ПАРИ:Еве кои се причините
