Бугарија не може да каже „да“ за почеток на преговори, вели Захариева
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2020
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева денеска изјави дека во оваа фаза Бугарија не може да каже „да“ за почеток на преговори на Македоинија со ЕУ.
Но, според неа, Бугарија не вели „не“ за членството на нашата земја во ЕУ.
Таа нагласува дека кај нас државата политика била заснована на омраза кон Бугарија и бугарскиот народ.
„Бугарската надворешна политика отсекогаш била ориентирана кон поддршка на земјите од Западен Балкан за идно членство во Европската унија, но не веруваме дека моментално тие се подготвени и ги исполнуваат условите за почеток на преговорите. Тие го исполнуваат договорот со Бугарија од 2017 година или барем не го исполнуваат во целост“, изјави Захариева во програмата „Оваа сабота и недела“ на бугарската БТВ.
Екс премиерот на Бугарија, Иван Костов вели дека Бугарија треба да инсистира на вклучување на преговарачко поглавје во кое ќе бидат напишани услови, без чие исполнување Северна Македонија нема да може да влезе во ЕУ.Македонската опозицијата го опомена премиерот Зоран Заев да не си игра со националните интереси, за да не му се случи народ.
Тие се за решение, но при тоа да не бидат засегнати јазикот и идентитетот.
Роковите течат. Останаа уште три дена, краток период во кој може да се усогласат македонската и бугарската страна.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.