БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности
Објавено во: Македонија, Балкан 30 Ноември, 2023
Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Македонија, туку станува збор за исполнување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира и радикализира.
- Нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарија е земја членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ. Ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања. Разбирањето во ЕУ е јасно – сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ, истакна Габриел на синоќешното отворање на изложбата „Пловдив - град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, осврнувајќи се историските прашања и несогласувања меѓу Софија и Скопје, Габриел истакна дека „историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога ќе се укаже прилика да се злоупотреби, таа се политизира и радикализира. Така одиме во маѓепсан круг“.
Фото:Х
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.