Бугарија треба да го признае македонското малцинство, порача Села
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020 15:47
Бугарија треба да го признае македонското малцинство, вели лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за Тв 24. Вели дека има и други земји кои имаат спорови со соседите, тие можеби уште не се решени, но сепак се дел од ЕУ.
„Ако добрососедството е еден до главните приоритети и услови за влез во ЕУ, мислам дека соседите треба да се признаваат еден со друг. Без тоа, залудно е да отвораш други теми. Тоа подразбира дека соседите треба да си ги признаат малцинствата, ние тука во Македонија бугарското малцинство, а во Бугарија македонското малцинство“, рече тој.
Тој вели дека Македонија треба да види и дали „нејзиниот двор е чист“, посочувајќи ја училишната литература од аспект на Албанците и албанскиот јазик како службен јазик во земјава. Овие прашања и спорот со Бугарија, според Села, треба да се разгледаат и на лидерска средба.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




