Добивај вести на Viber
И во соседна Бугарија нивото на безбедност е зголемено, откако вчера терористички напади го потресоа Брисел.
Сите граѓани кои поминуваат низ граничните премини ќе бидат проверувани во врска со засилените мерки за безбедност кои Бугарија ги воведе по нападите во Белгија.
Секој автомобил ќе биде прегледан од граничен полицаец, а обезбедувањето на сите копнени граници е засилено.
„Засилените мерки за безбедност беа воведени по нашите контролни пунктови уште минатата година по нападите во Париз"- велат надлежните.
Во моментов, личните документи на секој патник, вклучувајќи ги и граѓаните на Европската Унија, се воведуваат задолжително во системите за проверка.
Слични мерки воведоа и Грција и Романија. Поради овие проверки во „Капетан Андреево" веќе се формирале редици од камиони кои сакаат да преминат во Турција.