Бугарите ќе ја „окупираат“ Источна Македонија на крајот од декември
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2016 09:02
Голем број граѓани на соседна Бугарија Новата година ќе ја дочекаат во хотелите и рестораните во градовите од Источна Македонија.
Оваа пракса постои веќе неколку години, а за Бугарите примамливи се убавините на нашата земја, близината и пристапните цени. Дел од капацитетите во овој дел на земјата се веќе пополнети.
„Скоро сè е резервирано кај нас за Нова година. Вообичаено две третини од гостите се од Бугарија. Доаѓаат посетители од Благоевград, Софија и од други градови. Им се допаѓа хотелот, градот, цените кои ги нудиме, а во група имаат и одредени попусти. И воопшто цените во Струмица по дуќани, кафулиња, цените на облека нив им одговараат“ – велат од струмички хотел.
Истото го поврдуваат од ресторан во Берово од каде велат дека не само за празници и Нова година, туку дека и за викенди имаат посети од бугарски државјани.
„Доаѓаат често, ги сретнуваме низ градот, комуницираме со нив. Кај нас во ресторанот доаѓаат на ручек, но ние немаме можност да ги сместиме да преспијат. Во хотелите во градот остануваат подолго. Повеќето туристи се од Сандански и од Благоевград. Нив им се допаѓаат убавините на Берово“ – раскажува беровчанка.
Во еден од делчевските ресторани објаснуваат дека бугарски гости ќе имаат за Нова година, а она што особено им се допаѓа е македонската скара.
„Уште е рано да кажеме колку точно гости од соседна Бугарија ќе имаме, но последниве две – три години доаѓаат. Не остануваат со денови, туку си одат истата вечер. Доаѓаат и во текот на сабота, недела, кога е пазарен ден, на шопинг, пазаруваат оттука и си заминуваат. Мислам дека првенствено доаѓаат во Делчево заради цените, но ја сакаат и нашата скара“ – вели вработен во делчевски ресторан.
На оваа тема пишуваа и бугарските медиуми, кои акцентот го ставија на тоа дека дочекот во Македонија чини поевтино од оној во Бугарија, а воедно туристите имаат можност и да прошетаат надвор од своето родно место или земја.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




