Бугарите лути на Димитров, БГНЕС објави дека со Захариева барале брзо решение за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 17:20
Бугарската новинска агенција БГНЕС пишува дека поранешниот македонски министер за надворешни работи, Никола Димитров и неговата тогашна колешка Екатерина Захариева во протокол од 2019 година побарале брзо решение за Гоце Делчев и ВМРО.
Поради негативните реакции во Скопје, особено на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров за содржината на „францускиот предлог“, посебно за билатералниот протокол, БГНЕС ја објавува содржината на последниот билатерален протокол за имплементација на Договорот за добрососедство од 2019 година, потпишан од тогашните министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Никола Димитров, објави БГНЕС.
БГНЕС нагласува дека станува збор за оригинали (протоколи), а не за прераскажани текстови од медиумот.
Во протоколот, потпишан во 2019 година, впечаток прави присуството на важни историски теми, како и на конкретна заложба за постигнување заедничко историско читање на личноста на Гоце Делчев до крајот на истата година, пишува БГНЕС.

Според Димитров, со прифаќањето на францускиот предлог за деблокада на Македонија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе ја контролира работата на македонско-бугарската мешовита комисија за историски прашања.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел го одби францускиот предлог.фото БГНЕС
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




