19 Декември, 2025
0.0404

Бугарска пропаганда или приказни за странски служби: Нова рунда препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2025 13:56

Добивај вести на Viber

Два дена власта и опозицијата се караат, дали СДСМ „влегла“ во бугарска антимакедонска пропаганда или ВМРО-ДПМНЕ „кажува приказни“ за странски служби. Пратеникот Миле Лефков денеска обвини дека СДСМ биле безидејни, па влегле во распродажба на македонските интереси, обидувајќи се да одиграат на страната на Бугарија.

„До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од СДС. Според тие сознанија, постои целосна поврзаност и соработка кон негирање на македонскиот идентитет и јазик, и напад на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, кои се единствена брана за македонските интереси.Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв“, рече Лефков.

СДСМ пак, му врати дека е човекот кој со месеци избегнувал да се појави меѓу своите сограѓани во Кочани и кој не одвоил ни денар за настраданите од трагедијата таму, а сега глумел бранител на Македонија од некакви „домашни предавници“.

„Додека молчат за сопствените скандали, тие се обидуваат да дефокусираат и од најновиот режимски закон на министерот Тошковски, со кој полицијата повторно се претвора во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ, за политички прогон и заштита на криминалците во власта. Пораката е јасна: со лаги и параноја не се бега од одговорност. Оваа излитена пропагнда е прочитана пред десет години и никој повеќе не ви верува. Параноичните приказни за странски служби не носат леб на масата на луѓето, ниту некој во нив верува“, одговорија од СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот