Бугарски историчар го брани македонскиот јазик и ја критикува Генчовска
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2022 15:24
Бугарскиот историчар Стефан Дечев вели дека е арогантно, навредливо и невоспитано бугарските власти да не го признаваат македонскиот јазик.
Дечев отворено ја критикува, како што вели, празноглавата бугарска министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска која постојано повторува дека Бугарија не го признава македонскиот јазик. За него, прашање на добро воспитување, а не на филолошки познавање е јазикот кој твојот сосед го нарекува македонски, и ти да го нарекуваш како што го нарекува и тој.
„Не може цела Бугарија да се срами поради одлуката на еден секција на Бугарската академија на науките (БАН) или на едно семејство лингвисти. Во Брисел, во Париз, во Берлин, во Амстердам, во Копенхаген, во Токио, во Вашингтон, во Москва, во Киев, во министерствата за надворешни работи, на универзитети и катедри, јазикот е македонски. И тука падежите, инфинитивите, клаузулите, акцентите и т.н. воопшто не се важни“, пишува тој во својот коментар.

Тој нагласува дека секое добро воспитано дете знае дека треба да кажува „Добар ден“ и Благодарам“, иако во Бугарија, за разлика од Македонија, по Првата светска војна за „благодарам“ се користи и „Мерси“.
Дечев и претходно изјавувал дека Бугарија не е разумна затоа што ја запира Македонија на патот кон Европската Унија(ЕУ).
Eкс бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, вели дека во односите со Македонија, бугарскиот интерес е заштитен. Според неа, таканаречениот „македонски јазик“ е преддокофициран бугарски литературен јазик.
Можеби ќе ве интересира
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети




