БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ НА ОТЧЕТ КАЈ МУЦУНСКИ: Ќе се бараат објаснувања од бугарска страна
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2024
Утре, во МНР ќе биде повикан бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, од кого ќе се бараат одговори за неистакнувањето на македонското знаме, објави МКД.мк
Вчера од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, во врска со неистакнувањето на македонското знаме за време на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија дека ќе побараат објаснување од бугарска страна. „Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното“, се вели во соопштението.
Амбасадорот Радуков се очекува утре да се врати во Скопје откако и тој учествуваше на средбите на македонската претседателка и на македонските министри во Софија.