19 Декември, 2025
0.0431

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020 11:23

Добивај вести на Viber

Нема радиоактивен или токсичен отпад во откриените 20 контејнери на бугарското пристаниште кои носат отпад од Италија. 

Ова како што јавува бугарскиот медиум 24 часа денеска било соопштено на брифинг од окружниот обвинител на Бургас, Георги Чинев.

Тој дополнил дека единствено има несогласување меѓу декларираниот и установениот отпад. Според документите, во контењерите требало да има пластика и каучук, но при проверката, биле откриени уште и железо, хартија и текстил.

Фактор денеска комуницираше со Баже Игнатов, кој заедно со директорот на депонијата „Дрисла“ имаат по 15 отсто во сопственичката структура во компанијата „Блацион“, кој ни посочи на информацијата дека бугарското обвинителство констатирало оти нема опасен отпад во контењерите.

Претходно, медиумите во земјава ги пренесоа пишувањата на бугарските медиуми, дека формата „Блацион“ „извршила увоз на 25 контејнери опасен отпад од Италија“. Беше наведено дека „бугарското Обвинителство веќе отворило истрага за незаконскиот увоз на отпадот од Италија“.

Игнатов денеска ни изјави дека ништо од овие наводи не е точно, и дека воопшто не станува збор за никаков опасен отпад.

Затоа тој најави дека денеска веќе се консултира со адвокат, и дека ќе има кривични пријави за дел од медиумите во земјава кои објавија дека негова компанија увезувала опасен отпад од Италија. 

„Нема вистина во тоа, нема ни опасен отпад, а тоа го потврди денеска и бугарското обвинителство. Медиумите треба прво да проверат, пред да пишуваат“, рече Игнатов. 

Инаку, тој тврди дека не е производител, па за да знае точно што имало во отпадот кој се увезувал. 

Фактор денеска се обиде да стапи во контакт и со директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов, но не успеавме да го добиеме се до подготовката на овој текст. 

Инаку, бугарското обвинителство ја отвори истрагата и соопшти дека содржината на отпадот на пристаништето Бургас се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ. Отпадот бил транспортиран со брод на 5 септември лани, и му бил определен режим на времено складирање во рок од 90 дена. Откако сопственикот не реагирал на предупредувањето на Царинската управа, бидејќи бил истечен дадениот рок, Обвинителството започнало истрага. 

фото 24 часа

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата