Бујар Османи: Македонски олигарси кренале аларм против се поголемите албански бизниси
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Во предградијата на Скопје се собраа македонските олигарси и политичките лидери да предупредат за влијанието на Албанците“, раскажува детали потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во денешната емисија „Самер Клик“ на ТВ21.
Министерот за надворешни работи елаборираше кој е политичко-економскиот хибриден Центар што ја напаѓа ДУИ. Османи рече дека пред неколку месеци олигарси и политички лидери и поранешни функционери се собрале на периферијата на Скопје да разговараат за, како што вели, влијанието на Албанците во јавниот и економскиот живот.
„Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери, сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или сознанија дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат, или го укинуваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница. ДУИ се поврзува како парадигма или синоним на таа етничка рамноправност, на таа позиција на Албанците“, рече Османи.
Османи рече дека истата група, според нив, оценила дека овој процес може да се запре со нанесување штета на лидерот на ДУИ.
„Ова всушност не е страв од албанизација, тоа е страв од еднаквост. Затоа што рамноправноста ја гледаат како привилегија, ако гледаат Албанци на важни политички, одлучувачки позиции, или албанската економија... дури и тие напоменаа дека во градежништвото денес сите фирми се албански фирми во Македонија, а тоа наводно го загрозува интересот“, рече Османи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.