19 Декември, 2025
0.0395

Бујар Османи: Повторно отворање на Уставот создава немир кај граѓаните

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2022 10:09

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека периодот за евентуално отворање на македонскиот Устав е сензитивен во ситуација кога нема најави за деблокада на процесот на евроинтегрирање од страна на Бугарија. Според министерот, во прашање е сензитивноста на процесот, а не бугарската заедница која живее во Македонија.

- Република Северна Македонија еднаш го смени Уставот и сега на маса повторно има такво барање. Тоа создава немир кај граѓаните. РСМ нема ништо против да ја внесе бугарската заедница во Уставот, бидејќи ако по нешто сме препознатливи во светот, тоа е уникатен функционален модел на мултиетничка демојкратија која покажа дека може да функционира.  Сензитивноста е во непредвидливоста на процесот, но тоа е дел од разговорите кои ги правиме со Република Бугарија, рече Османи.

Според министерот, целта во преговорите со Бугарија е во услови на заштитени интереси да се направи прогрес. Оставки и избори во моментов ја интересира само опозицијата, но не и граѓаните, смета ОСмани.

- Престседателот Радев точно знае за што зборувам, нема ултиуматуми и условување туку објаснување на фактичката состојба. Како поминува времето, како Бугарија ги обесхрабрува факторите, сето тоа има последици во домашната политичка сцена. Моја проценка е дека како поминува времето, се поразреден ќе биде тој политички капитал и ќе има помала поддршка од граѓаните да отвориме ново поглавје со ЕУ, одговори Османи како одговор на коментарот на бугарскиот претседател Румен Радев дека Македонија не може да поставува ултиматуми.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината