08 Октомври, 2024
0.0294

БУМ ПРЕКУ ЛЕТО: Иселениците си доаѓаат дома, а колку бракови се склучуваат во просек?

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во текот на летните месеци се склучуваат повеќе бракови во однос на остатокот од годината.

Ваквата состојба е резултат на тоа што луѓето кои се во странство, се враќаат дома и се венчаваат во своите општини. Јуни, јули, август и септември се месеци со најмногу склучени бракови. Бракови се склучуваат претежно во северозападниот дел на државата.

„Во летниот период зголемен е бројот на склучување на бракови, но не само од иселениците, туку воопшто. Најмногу има во Скопје. Куманово, Тетово, Битола, Гостивар, Кичево и некои други градови. Во просек во овој период се склучуваат по 550 бракови во целата држава на месечно ниво. Ударни месеци за склучување на бракови се мај, јуни, јули, август, и септември“, велат од Управата за водење на матични книги.

Угостителите се задоволни затоа што преку лето имаат полни раце работа, многу свадби и веселби токму поради луѓето кои живеат и работат во странство, а преку лето доаѓаат во татковината.

„Имам многу работа овој период, а свадби може да се прават скоро секој ден, без разлика дали е петок, сабота, недела. Доаѓаат иселениците од Швајцарија, Германија, се венчаваат и си заминуваат. Секоја година се случува истото преку лето“, велат од ресторан во Гостивар.

Слично е и на истокот од земјата. Сепак, угостителите велат дека за разлика од порано сега бројот на венчавки во лето е намален.

Има, но не е како што беше порано, но можам да кажам се случува во текот на еден ден некогаш да има дури 2-3 венчавки во градот. Доаѓаат иселениците кои се во Швајцарија, Германија, Англија. Забележувам дека помалку трошат по ресторани за разлика од порано, очигледно парите повеќе сакаат да ги трошат дома. Свадби се закажуваат без разлика дали е викенд или работен ден“, велат од делчевски ресторан.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2018 година, изнесува 13.494 склучени бракoви. Најмногу бракови, 1.665 или 12.3 % се склучени во месец август, а најмалку, 738 или 5.5 % во месец март. Исто било и една година претходно. Во 2017 година најмногу бракови, 1.771 или 12.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 %. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден