18 Декември, 2025
0.0382

Бунтовниците ја зазедоа претседателската палата во Јемен

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2015 18:51

Добивај вести на Viber

Шиитските бунтовници денес успеале да влезат во претседателската палата во јеменската престолнина Сани откако претходно дошло до кратко вооружени пресметки со обезбедувањето на објектот, изјавиле извори од јеменските безбедносни сили како и сведоци од местотот на инцидентот. Обезбедувањето на претседателската палата, каде се наоѓала главната канцеларија на претседателот Абд – Рабу Мансура Хади, соопштило дека по кратки престрелки ја предале контролата над палатата на шиитските вооружени борци познати под името Хути, кои влегле во комплексот и почнале да го ограбуваат. Сведоци потврдиле дека помеѓу силите на Хутите и обезбедувањето сошло до пократки судири како и дека Хутите успеале да запленат оклопни возила кои биле распоредени пред влезот на палатата. Советот за безбедност на ОН денес треба да ја разгледува кризата во Јемен каде, покрај останатите вооружени групи насочени против владата, има база и едно од најопасните крила на Ал Каеда. За време на вчерашниот ден околу претседателската палата во Сани се одвивале жестоки борби помеѓу Хутите и војската, што пак се најостри вооружени судири во ова земја во изминативе неколку години, а истите завршиле откако бунтовниците успеале да ја обиколат резиденцијата на премиерот Халид Бахах. За време на судирите загинале девет, а биле повредени 90 лица, пред синоќа на сила да стапи прекин на огнот, кој повремено се применувал и во поголем дел од денешниот ден, се додека не дошло до најновите судири. Борбената формација која се нарекува Хути, и која е посилна од било кога до сега влегла во Сани на 21 септември минатата година и истата најверојатно има поддршка од претходниот претседател Али Абдалах Салех кој го зачувал своето големо влијание и контакти во војската и меѓу племињата за време на своето 33 годишно владеење. Хутите кои сочинуваат 33 отсто од жителите во земјата, минатиот септември зазедоа големи делови од Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сани.    

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“