БУРА ВО ФРАНЦИЈА: Има 12 повредени и десетици евакуирани
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2024
Невреме ја зафати Франција. Бурата „Кирк“ предизвика хаос во Франција при што има 12 повредени, десетици евакуирани, а без струја се 67.000 домови.
Едно лице е тешко повредено когa вода го однесе неговиот автомобил во департманот Лоара-Атлантик, објави „БФМТВ“.
Црвеното предупредување или метеоаларм останува на сила во северните француски департмани Сен-Е-Марн и Ер-и-Лоар, објави националната метеоролошка служба Метео Франс.
Десетици луѓе се евакуирани од департманите Сена и Марна и Ер-и-Лоар. Овогодинешните врнежи во Франција веќе ја надминале нормата за 30 отсто.
Периодот од 1 јануари до 9 октомври бил највлажен од 1959 година, а средата бил највлажниот ден во годината.
Жолтата метеоролошка тревога e на сила во Париз, каде што е забележан најсилниот дожд од 1920 година. Нивото на водата во реката Сена се искачи на околу 2,7 метри и дека се очекува дополнително да се зголеми.
Бурата „Кирк“ се формираше на крајот на септември во централниот дел на Атлантскиот Океан југозападно од Кејп Верде.
Пред извесно време бурата Борис направи пустош во делови од неколку европски земји.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.