25 Ноември, 2024
0.0272

БУРА ЗА ВЛАДИНИТЕ ПАРИ ЗА НЕВЛАДИНИТЕ: Оштетените прашуваат како се одлучи толку брзо, од власта се правдаат - немаше време, моравме да им помогнеме на ранливите

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Бројни реакции и незадоволство испливаа во јавноста од дел од невладиниот сектор, по владината одлука да додели 500 илјади евра за 40 проекти на граѓански здруженија и фондации. Се поставуваат прашања како за топлку кусо време се одлучило кој да ги добе грантовите од половина милион евра. Од Владата, пак, денеска возвратија дека парите се распределени во транспарентен и инклузивен процес, за кој немало многу време, па прашањето било или да се објави јавниот повик, или да не им се додели оваа помош на ранливите категории граѓани.

Како беа доделени грантовите за граѓанските организации од страна на Владата, прашува преку својот фејсбук профол Иван Јованов, коосновач и извршен директор во LEAD - Leaders for Education, Activism and Development.

Според него, клучните прашања се како за два и пол дена се проверени и прегледани 540 апликации, што значи дека Комисијата составена од седум членови, во просек потрошиле по 10,2 минути по апликација, вклучително и кратење на буџетот. 

„Пред 10-ина дена им се посреќи и на граѓанските организации да бидат едни од последните да бидат опфатени со мерки од владата на РСМ, а воедно и први кои ќе се натпреваруваат за истите. Тоа значи повик за грантови од 10. 000 евра до 15. 000 евра, со време за аплицирање од 6 дена, со ветување дека одговор ќе има за 3 дена. Амбициозно, нема што, посебно во услови на криза. И се оствари. Што се случи? На крајот на рокот 11 јуни во 12.00ч. пристигнале 550 апликации, од кои 490 биле евалуирани бидејќи другите не ја поминале административната проверка. Ништо страшно нема до тука. Е сега, за прегледување на 490 апликации одлучувала комисијата составена од 7 члена (2 члена од Советот на НВО, 1 од МИОА, 1 од СЕП, 1 од МОН, 1 од МТСП, 1од одделението за НВО при Владата“, пишува Јованов.

Според него, прва сомнителна точка е што секој од евалуаторите ги има оценето буквално сите апликации. 

„За еден евалуатор да ги прочита СИТЕ апликации од завршетокот на повикот (11 јуни, 12ч) до недела крај на ден (24.00) имал на располагање 5040 минути. Тоа значи дека без да спие, јаде, пие вода и обавува биолошки потреби имал време да посвети по 10,2 минути по апликација. Дополнителна околност е што буџетите на грантовите се кратени што дополнително одзема време. Можно ли е ова? Како човек што евалуира проекти, дури ни најлошата апликација не ми одземала помалку од половина час, а да не зборувам дека евалуацијата е исцрпна работа која повеќе од 6 часа дневно не прави веќе смисла“, пишува Иванов.

Нему му изгледа дека има сериозни пропусти во квалитативна евалуација. 

„Не знам дали комисијата била ставена во тесно да избере за 3 дена, но 540 апликации не се прегледуваат за 3 дена. Трпи процесот, транспарентноста и довербата. Ќе беше фер да се испратеше соопштение дека стигнале повеќе апликации од очекуваното и дека ќе треба повеќе време за евалуација. Вака останува армија од незадоволни граѓански организации...“, пишува Иванов. 

Како што е познато, Владата додели вкупно 40 грантови тешки околу 500.000 евра на 40 граѓански здруженија и фондации за проекти за справување со корона кризата. Повикот беше објавен на 6 јуни (сабота), а крајниот рок за доставување на апликациите беше на 11 јуни до 12 часот напладне. Откако на 11 јуни повикот беше затворен, Владата веќе на 13 јуни на седница ја усвои одлуката за доделување на грантови на 40 организации. 

Од Владата, пак, велат дека биле транспарентни, а ја испратија и ранг листата на Комисијата за распределба на парите на сите апликации наменети за справување со КОВИД-19, со кус опис на проектот, како и линкот до листата на одобрените проекти. (линк). Тврдат дека во инклузивен и транспарентен процес распределиле финансиски средства за 40 проекти на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари, или околу 500 илјади евра.

Од владиното соопштение се дозна и кој учествувал за Комисијата што одлучувала кој ќе ги земе парите. 

„Комисијата за распределба на финансиските средства ја сочинуваат пет членови кои доаѓаат од Владата, односно Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (претседател), Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Драги Рашковски, генерален секретар на Владата. Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на процесот на распределба, во составот на Комисијата се именувани и два члена на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, односно Уранија Пировска и Јане Чаловски. На овој начин, за првпат во Комисијата членови од граѓанскиот сектор имаа рамноправна улога и еднаква позиција во носењето на одлука за избор на проектите кои беа финансиски поддржани. Овие членови беа избрани на предлог на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор“, пишуваат од Владата во своето соопштение.

Додаваат дека Комисијата формирала Оперативно тело во кое членуваат претставници од институциите чии раководители се дел од Комисијата, кои се задолжени за оценување на апликациите. 

„Имајќи го предвид големиот број на пристигнати апликации - 549, од една страна, и кратките рокови од друга, во секоја од овие институции беа ангажирани дополнително уште  дваесеттина лица кои помагаа при оценувањето. Комисијата за распределба на финансиски средства, иако свесна за кратките рокови, сепак поради потребата да му се помогне на граѓанскиот сектор и да се поддржат проекти кои придонесуваат за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, одлучи да го објави повикот. Внимателно беа избрани областите во кои се изработени проектите, со цел да се помогне на најпогодените и ранливи категории на граѓани. Другата опција беше воопшто да не обезбедеше помош. Праксата на поддршка на работата на граѓанските организации ќе продолжи и по завршување на пандемијата, во области кои се од важност за сите категории на граѓани“, се вели во соопштението од Владата.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти