24 Јануари, 2025
0.0273

БУРНИ РЕАКЦИИ НА ЈАВНОСТА: Груевски: од повик за војна – до повик за патриотизам!

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Новинари, политичари, уметници – бурни реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на претседателот на Вмро-Дпмне и екс-премиер Никола Груевски:

“Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштита, а друг дел се на спротивната страна. Оваа шанса народот ја имаше на изборите. Во кампањата говорев секој ден за тоа. Погледнете ги моите обраќања во Штип, Велес, Скопје. Дел добро ме разбраа. Некои не веруваа, мислеа дека со тоа само сакаме да добиеме гласови, а СДСМ да ги загуби. Денес се’ помалку има такви, но главниот воз е пропуштен. Сега е последниот воз. Сега е тоа време. Сите оние кои планираат да седат дома во влечки и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда“.

Дел од оние што решија да го коменираат последниот изнесен став на Груевски сметаат дека тој практично повикува на војна. Така,  Кире Наумов од СДСМ напиша :  

“Она кога не се одлучуваш да бидеш саможртва и не земаш да се самозапалиш, туку подмолно с'скаш други и се пријавуваш да бидеш добротворен дарител на туѓа крв“.

Сличен став има и неговиот сопартиец Масим Димитриевски:  

“Граѓаните нема да седат дома, ќе излезат и ќе се одбранат од лешинари како тебе...
- Срами се, повикуваш на братоубиство Груевски, овој филм нема да го гледаш, ќе ја доживееме правдата и примерот за сите.
КРАЈ на корупцијата, живот во Македонија!“.

Интервјуто на екс премиерот Никола Грувески, дадено во очекување на потегот на претседателот Ѓорѓе Иванов за доделување на мандат на Зоран Заев, претседател на СДСМ, за формирање Влада, предизвика реакции и кај дел од новинарите. Борјан Јовановски, напиша:

“Груевски би бил добар пишувач на сценарија за турски серии“.

Не само политичари, туку и дел од економситите искажаа став, па така Марјан Николов смета:  

“Специјалното јавно обвинителство да си ја заврши работата. Сваровски да се стави во карантин и кризна Влада да не врати на колосек. Правна разврска, ново раководство на ДПМНЕ, па да почнеме од таму“.

Без да коментира, пратеникот од Вмро-Дпмне, Илија Димовски го пренесува  интегралното интервју во пишана форма,  во кое меѓудругото се наведува: 

Двојазичноста е секундарната цел. По двојазичноста ќе започнат подготовки и за кантонизација како следна цел. Чекор по чекор.
Многу им пречи што во изминатите години низ разни форми и активности се подигна националната свест.
Операцијата е во 4 фази:

1. Создавање криза и дестабилизација,
2. Компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите,
3. Избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова и
4. Реализација на целите.

Нашата држава солидно функционираше и одеше напред се додека не беше нападната од надворешни моќни центри“.

Непосредно по изнесените  ставови на претседателот на Вмро Дпмне, реагираа и други јавни личности. Па така , сатиричарот Васил Толевски напиша:

“Решивме да ја браниме Македонија! Уште да решиме - од кого?!“

Се огласи и Ване Цветанов, Здружение за заштита и правда:  

“Никој не удира на Македонија, напротив, ќе се поправаат штетите од цунамито на Грујо.
Инаку ДА, ќе БИДЕ АПСЕН. Но не за Македонија, ЗА КРИМИНАЛИТЕ И ЗЛОСТОРОТ ЌЕ БИДЕ АПСЕН“.

Со толкување на ставовите и оценките на Груевски, се огласи и Миленко Неделковски, водител на Миленко Неделковски шоу:  

“Никола Груевски. Денеска:

Сценаристот смета и има проценка дека народот не е способен и кадарен да ја брани земјата и смета дека ако со својата моќ и подготвено сценарио елиминира дел од политичарите, ја завршил работата. Нивната проценка до пред некој ден беше дека дел од политичката елита е високо мотивирана за одбрана, но дека народот е ниско мотивиран и затоа одат агресивно и бескруполозно. Тие најмногу се плашат од народот, но засега се убедени дека го имаат доволно изманипулирано за да биде мирен и збунет.

Ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор. Потоа тој ќе пристапи и судот да биде негов суд. Тој всушност подолго време работи на тоа. Обвинителство веќе си има. Поданици, НВО и платеници во значаен број. Си има и раководства на партии. Но и тој нема да е вечен амбасадор и тој е со ограничен мандат“.

Непосредно по даденото интервју, Тодор Петров, претседател на  Светски Македонски Конгрес пренесува соопштение на СМК во однос на вкупната политичка состојба во земјава.

“Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува сериозна загриженост на Македонците во светот за политичката криза во Македонија и апелира на уставност и законитост!

СМК бара Претседателот на Републиката да изјави дека неговите овластувања во согласност со членот 90 од Уставот се исцрпени и да ги упати пратениците на распуштање заради организирање на нови парламентарни избори! СМК ги повикува пратениците да предложат и донесат одлука за распуштање, со претходен избор на претседател или тројца потпретседатели кои ќе го потпишат решението за распишување на локалните и нови парламентарни избори!

Се огласи и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски:

“Никој веќе не верува во солзите на Груевски.Затоа и нема да му успее да ги сврти граѓаните едни наспроти други.Сега е потребно сите да бидеме рационални и одговорни, не смееме да дозволиме Македонија да влезе во уште подлабока криза“.

Своите ставови Груевски ги соопшти на врескиот празник Прочка, што беше забележано во дел од коментарите. 

“На прочка да повикуваш народ против народ. е, тоа е демонхристијанин!“ – напиша Жарко Трајановски, активист за граѓански права.

Инаку, освен пораката до народот, Груевски упати и порака до Заев, повикувајќи го да го уапси и да го затвори, но како што рече, само да не удира по темелите на државата.

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато