Добивај вести на Viber
Општина Бутел денеска почна со дистрибуција на огревни дрва за социјално загрозените семејства. Општинската прес-служба соопшти дека станува збор за 64 семејства, приматели на социјална помош, кои ќе добијат по два метри кубни дрва за огрев.
- Овие 128 метри кубни дрва досега се делеа за време на божиќните празници, за палење на бадниковите огнови. Затоа, Советот на општина Бутел донесе одлука за доделување дрва за огрев, со која наместо на бадникарските кумови, дрвата ќе им се поделат на социјално загрозените семејства. Во наредните неколку денови дрвата за огрев ќе пристигнат до домовите на сите 64 семејства, стои во општинското соопштение.