20 Април, 2025
0.0266

ЦАРИНА ПОСТАВИ РЕКОРД: јули со највисока наплата на приходи од постоењето

Објавено во: Економија 01 Август, 2024 11:56

Добивај вести на Viber

Царинската управа во јули наплатила вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, односно 195 милиони евра, што е за 16,6 отсто повисок износ во споредба со истиот период во 2023 година. Управата соопшти дека ова е највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од нејзиното постоење. 

Директорот Бобан Николовски во допис до медиумите истакнува дека уште на првиот ден од неговото назначување на раководната функција ветил, како што вели, „испорака на видливи и брзи резултати“.

- Оваа порака ја споделив со сите вработени во Царинската управа и побарав максимален ангажман од нивна страна и професионализам на сите нивоа. Првите резултати ги гледаме денес, кога бележиме рекордно највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од постоењето на Царинската управа. Овој резултат нека биде мотив за сите царински службеници за уште поголеми напори за подобри резултати во сите сфери на царинското работење и во иднина - наведува Николовски. 

Царинската управа во соопштението посочува дека останува фокусирана на преземање мерки и активности во насока на зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки.

-Тоа ќе резултира со подобрување на состојбата на буџетот на државата, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните - се наведува во соопштението објавено на нивната веб страна.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите

НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата