21 Јуни, 2024
0.0279

Царината ги зајакнува контролите со два мобилни скенерa, донација од Германска Царина - само во две акции годинава запленети 62 кг наркотични дроги

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Царинската управа ќе се зајакне со уште два подвижни мини скенерa на стока и мал багаж, што ќе придонесе за зајакнување на капацитетите за вршење контрола и сузбивање на криумчарење на разна стока, опојни дроги и прекурзори, како и за подобрување на квалитетот и ефикасноста на инспекциите. Двата мобилни скенерa се донација од Царината на Сојузна Република Германија. Денеска директорката Славица Кутиров со тимот од управата и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, извршија надзор на опремата која ќе ја користат царинските службеници при контролите на царинските подрачја, но и на целата територија на државата.

Само во две поголеми акции годинава инспекторите од мобилна Царина со помош на мобилни скенери извршија заплена на 62 килограми наркотична дрога, што кажува за придобивките од употребата на овие машини при контролите. 

„Зајакнувањето на Царинската управа со уште два мобилни скенера ќе овозможи поефикасни контроли на македонската Царина, и ќе помогне да се спречи протокот на недозволена трговија и внес на разна стока во државата“, истакна директорката Кутиров.

Заменик амбасадорот на СР Германија,Ото Граф, изрази задоволство што Германија може да придонесе за зајакнување на граничните контроли.

„Сигурни и ефикасни царински контроли се од суштинско значење за безбедно движење на луѓе и стоки. Во таа насока, Германија ги донира овие мобилни скенери за РС Македонија. Среќни сме што придонесуваме за обезбедување на ЕУ стандардите во граничните контроли во РС Македонија“, потенцира заменик амбасадорот, Ото Граф.

Значајно е што мобилните скенери се лесно преносливи, при што можат да скенираат до 12 возила на час на различни локации. 


Можеби ќе ве интересира

КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО: со закани барале 80 илјади евра, па му го запалиле автомобилот

КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО: со закани барале 80 илјади евра, па му го запалиле автомобилот

ЗАГИНАТАТА МАКЕДОНКА ВО ГРЦИЈА ИМАЛА САМО 29 ГОДИНИ: МНР го откри идентитетот и на повредените сопатнички

ЗАГИНАТАТА МАКЕДОНКА ВО ГРЦИЈА ИМАЛА САМО 29 ГОДИНИ: МНР го откри идентитетот и на повредените сопатнички

ЗМИИТЕ ЗАЧЕСТИЈА ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ: експертите советуваат „не паничете, и при каснување има време да се стигне на доктор“

ЗМИИТЕ ЗАЧЕСТИЈА ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ: експертите советуваат „не паничете, и при каснување има време да се стигне на доктор“

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица со остра реакција „се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика“

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица со остра реакција „се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика“

„Сѐ поубаво звучи кога е завиткано во прозападна и проевропска обланда?!“: Ванковска со осрта реакција по навредите на европското првенство

„Сѐ поубаво звучи кога е завиткано во прозападна и проевропска обланда?!“: Ванковска со осрта реакција по навредите на европското првенство

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД СТРУМИЦА: се судрија мопед и автомобил, има повеќе повредени лица

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД СТРУМИЦА: се судрија мопед и автомобил, има повеќе повредени лица

„Уште еден обид да се измамат граѓаните со празни ветувања“: од Европски фронт со бурна реакција за Балансерот

„Уште еден обид да се измамат граѓаните со празни ветувања“: од Европски фронт со бурна реакција за Балансерот

„Заврши времето на демагогија“: Меџити од трибината на „Вреди“ порача „да ја направиме нашата земја подготвена за интегрирање во ЕУ“

„Заврши времето на демагогија“: Меџити од трибината на „Вреди“ порача „да ја направиме нашата земја подготвена за интегрирање во ЕУ“

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА ПАТОТ ПРЖДЕВО - ДЕМИР КАПИЈА: сообраќајот е затворен во двата правци

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА ПАТОТ ПРЖДЕВО - ДЕМИР КАПИЈА: сообраќајот е затворен во двата правци