08 Јули, 2025
0.0293

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица со остра реакција „се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика“

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024 17:41

Добивај вести на Viber

Од политичката партија „Левица“ велат дека се длабоко загрижени поради катастрофалното менаџирање на депонијата во подножјето на падините на заштитената Осоговија од страна на градоначалникот од ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Папазов и неговата администрација.

- Овој долгогодишен проблем не само што не е решен, туку и се влошува, сериозно загрозувајќи го здравјето на граѓаните и еколошката стабилност на регионот. 
Во депонијата се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика, која при горење ослободува диоксини и фурани, високотоксични соединенија кои се штетни за човечкото здравје и животната средина. Научните студии докажуваат дека вдишувањето на ваков тип чад од горење на отпад предизвикува сериозни здравствени проблеми како што се: респираторни заболувања, кардиоваскуларни проблеми и рак на бели дробови. 
Локалните власти место да бараат решенија, бараат изговори. Иако темата на градската депонија беше разгледувана на повеќе седници на Советот на Oпштина Кочани, единствено што можеа да слушнат граѓаните беа меѓусебните обвинувања на ДПМНЕ и СДСМ околу тоа кој е повеќе виновен за состојбата со депонијата - велат од Левица.
Од оваа партија посочуваат дека „јавното претпријатие не смее да се жали дека нема средства за стражарска служба, за третирање со алги, за осветлување и оградување на депонијата, затоа што само во 2023 година издвоени се 20 милиони денара за привремени вработувања! Дали партиските вработувања се приоритет пред здравјето на граѓаните?!“, прашуваат од Левица. 
- Ниту СДСМ ниту ДПМНЕ немаат право да објаснуваат колку се залагаат за добивање помош од Владата, бидејќи наводниот камен на препнување било тоа што ситуацијата не е предвидена во Правилникот на Министерството за животна средина, при што ДПМНЕ веќе трет мандат го има Миле Лефков за пратеник во Собранието на Македонија, а до вчера пратеничка беше и Марија Ангелова од СДСМ, при што сега ѝ е доделена месечна апанажа од 100.000 денари! Колку и какви иницијативи беа покренати до надлежното министерство за измена на споменатиот правилник?!
Левица Кочани ги поддржа и овие, како и претходните протести на граѓаните и ќе продолжи да се залага за реално решавање на овој горлив проблем! Животот и здравјето на граѓаните, како и квалитетот на живеење, мора да бидат највисок приоритет над сите други интереси - нагласуваат од партијата во соопштението испртено до медиумите. 
Еве ја нивната објава на Фејсбук:


Можеби ќе ве интересира

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...