19 Декември, 2025
0.0458

ЗАГИНАТАТА МАКЕДОНКА ВО ГРЦИЈА ИМАЛА САМО 29 ГОДИНИ: МНР го откри идентитетот и на повредените сопатнички

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024 21:26

Добивај вести на Viber

Македонката М.Н. родена во 1995 година е загинатата жителка од Битола во сообраќајната незгода која денеска се случи во соседна Грција, во близина на Солун. 

Од Министерството за надворешни работи откриваат дека девојката има само 29 години, додека повредените сопатнички се уште помалди, поточно по 24 години. Единствено жената на возраст од 25 години поминала без повреди. 

Информираме дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.

Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата - соопштуваат од МНР. 

Од министерството исто така посочуваат дека во несреќата засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата. 

Станува збор за А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани.

- Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома - велат од МНР.

Фактор веќе објави дека се случи тешка несреќа во Грција, во која животот го изгуби девојка од Битола, а во несреќата тешко се повредени и сопатничките. Видеото објавено од локалните медиуми, открива за колку страшна сообраќајка станува збор.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот