Цариниците на Меџитлија запленија препарати вредни над 16.000 евра
Објавено во: Македонија 28 Август, 2025 12:18
На граничниот премин Меџитлија во автомобил „Мерцедес“ со македонски таблички пронајдена е поголема количина на хемиски средства за прскање на растенија со вкупна вредност од 16.058 евра.
Како што соопшти Царинската управа, пронајдени се 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF кои биле скриени во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта.
„Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана“, велат од Царинската управа.
Во возилото патувало семејство кое, како што изјавило, се враќало од одмор од Турција преку Грција.
Стоката е задржана, возилото е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошно постапување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




