ЦАРИНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ИЗМАМА ПРИ УВОЗ НА ИНВЕРТОРИ ЗА СОЛАРНИ КОЛЕКТОРИ: наместо 15 отсто, шпедитерите плаќање 10 проценти царина
Објавено во: Економија 26 Август, 2025 11:14
Откриени царински измами со инвертори за соларни колектори „тешки“ 1,5 милиони денари, објави Царинска управа од каде посочуваат дека измамите ги правеле лиценцирани застапници - шпедитери.
- Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги, при контрола на увоз на соларни уреди, открија царински измами во висина од 1,5 милиони денари.
Лиценцирани застапници –шпедитери, иако ги добиле фактурите на кои јасно стои дека се увезуваат инвертори за соларни системи, при царинската постапка ги пријавувале како генератори со пониска царинска стапка. Така, наместо 15 отсто, царината била наплатена со 10 проценти.
Неправилностите биле откриени по спроведени пост-контроли и проверки на сметководствената и комерцијалната документација, при што се обезбедени докази за сторено кривично дело царинска измама, казниво според Кривичниот законик - се истакнува во соопштението на Царинската управа.
Од таму посочуваат дека само во јули, по контроли на потеклото и вредноста на увезената стока, Царинската управа наплати три милиони денари по основ на избегнати давачки.
Воедно посочуваат дека ќе продолжат со активности за заштита на финансиските интереси на државата и за обезбедување фер конкурентност на пазарот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





