15 Јануари, 2025
0.0280

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Новата CASH IN услуга на Стопанска банка а.д. Битола на клиентите им овозможува депонирање-  уплата на готовина на нивната сметка преку банкоматитe, сопственост на Банката, со што им обезбедува ефикасно и брзо управување со нивните финансиски средства.

Услугата е бесплатна за корисници физички лица  и правни лица  во промотивниот период,  лесна за користење, достапна е 24/7 независно од работното време на експозитурите, а депонираните средства се на располагање на сметката/ дебитната картичка, во најкраток можен рок.

Уплати може да се вршат со сите типови на картички, кредитни и дебитни, издадени од страна на Банката.

Средствата се уплаќаат на трансакциска сметка на физичко или правно лице ако се уплаќа со дебитна картичка, или на кредитна партија врзана за кредитна картичка  ако се врши уплата со кредитната картичка.

Новина за нашите клиенти, правни лица, кои поседуваат дебитни бизнис картички е тоа што  уплатата на дневен промет, која досега ја вршеа на шалтерите на банката, сега ќе може да ја вршат на банкоматите, сопственост на Банката.

Затоа за сите клиенти правни лица, кои не поседуваат бизнис картичка им препорачуваме да аплицираат за истата во најблиската експозитура, без трошоци за членарина во првата година.

Самата трансакција – уплата на готовина  на банкомат на Стопанска банка а.д. Битола се реализира за период не подолг од 2 минути, а може да се усплаќаат банкноти од : 10 МКД, 50 МКД, 100 МКД, 200 МКД, 500 МКД, 1.000,00 МКД и 2.000,00 МКД.

Услугата - Уплата на готовина за нашите клиенти сега е достапна на следните локации на банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола:

-  Експозитура Централа, Битола (на двата АТМ уреди), ул. Добривоје Радосавлевиќ бр.21

-  Екпозитура Болница, Битола, ул. Партизанска бб

-  Нов Пазар, ул.Васко Карангелевски, Битола

-  Екпозитура Систина Скопје, ул. Скупи бб

-  Екпозитура Лептокарија, Скопје, ул.Никола Русински 3 б

-  Екпозитура ул.Македонија, Скопје, улица Македонија бр.20

-  Експозитура Бисер ,Скопје, Бул.Јане Сандански 1/1

-  Експозитура Велес, ул. Архиепископ Михаил бр. 2

-  Екпозитура Тетово, ул. Маршал Тито Илирија

-  Екпозитура Охрид, ул. Цар Самоил бр.16

-  Екпозитура Струмица, Бул. Маршал Тито бр.20

-  Екпозитура Прилеп,ул. Сотка Ѓорѓиоски 14/5

-  Казино Фламинго, Скопје, Плоштад Македонија

-  Стоковна куќа Јавор, ул.Филип Втори Македонски б.б.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија