16 Мај, 2024
0.0398

Цел Балкан во мега проектот Трансјадрански гасовод! Зошто Македонија е аут?

Објавено во: Балкан, Економија 23 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Хрватска, Црна Гора и Албанија се приклучија на новиот гасовод, Трансјадранскиот. Шах Дениз II е најголемиот енергетски проект на светот. Инвестициите се проценуваат на 35 милијарди долари, но и отворање на голем број работни места. Конозрциумот Шах Дениз II во вторникот на свеченост во азербејџанската престолнина обелодени дека ќе го гради овој мегагсовод. На свеченоста присуствуваа ресорни министри на Хрватска, Црна Гора, Албанаија, Босна и Хергцеговина, и другите инволвирани држави во овој проект, но и министерот за надворешни работи на Велика Британија. Овој мегагасоводен проект ќе биде сериозна конкуренција на рускиот гас, особено на проектот Јужен поток.

Македонија ја нема ниту во овој проект (ТАП). Сите големи енергетски проекти не заобиколуваат. Зошто?

Што е ТАП?

Шах Дениз II е најголем енергетски проект на светот, се предвидуваат инвестиции од околу 35 американски долари, како и голем број на нови работни места.

„Станува збор за историска одлука и историски ден за Азербејџан и за цела Европа, бидејќи се отвора нов јужен гасен коридор кон Европа, кој ќе ја овозможува посакуваната енергетска диверзификација и енергетска безбедност. Овој настан ќе ја промени енергетската слика на Европа“, изјави претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.

Во почетната фаза, покрај Азербејџан, се и државите Грузија, Турција, Грција, Албанија, Италија, а по наредната фаза се очекува соработката да се прошири на Црна Гора и Хрватска, рече Алиев.

Во рамки на проектот Шах Дениз II, планирано е првото снабдување со гас во 2018 година за Турција, а во 2019 година за останатите европски држави.

Шах Дениз II е едно од најголемите гасни полиња, со три билиони кубни метри плин.

Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина потпишаа меморандуми

Ресорните министри на Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина потпишаа меморандуми со Азербејџан и фатија приклучок и кон овој мегагасоводен проект.

Хрватска ќе се приклучи на проектот Јадранско - јонски гасовод, кој ќе се гради од Сплит до албанскиот град Фиере.

„Целиот проект е многу важен за севкупната слика за енергетската независност односно добивање на гас од различни кракови, а ова е еден од нив“, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Баку, Азербејџан.

Повик до Македонија да фати приклучок кон Трансјадранскиот гасовод што поскоро

Домашната експертска јавност ја повикува Македонија да побара да биде дел од Трансјадранскиот гасовод.

„Овој гасовод поминува многу блиску до нашата граница и тој овој проект најверојатно ќе се реализира од следната година. Тој треба да донесе големи количини на природен гас, а тоа е иделана причина Македонија да фати приклучок и да добиеме алтернативно снабдување со природен гас. Ние имаме од 1997 изграден гасоводен систем, иако за волја на вистината само во Скопје и преку тој гасоводен систем се снабудваме само со руски гас, затоа е потребно за да се намали цената на природниот гас да се направи нова инфраструткруа“, изјави Митко Андреевски, реагионален консултант во повеќе странски компании за природен гас. Според него, Хрватска развива алтернативи се вклучува во четири гасоводни проекти, затоа Македонија мора под итно бара приклучок во ТАП.

За универзитетскиот професор Стево Пендаровски алармантно е што Македонија не се интересира и испушта можности за осигурување на енергетската безбедност.

„Хрватска е вклучена во четири енергетски проекти, а во сите тие проекти ние не сме никаде. Што е уште пострашно ние сме многу долу на оваа скала во споредба со сите регионални држави. Ова значи дека политички сме спиеле, додека за другите држави е важна енергетската сигурност. Тоа е невозможно. Босна и Херцеговина која е во постојана политичка криза има меморандум за разбирање за проектот ТАП, а ние немаме“, додава Пендаровски И.М.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати