Цел свет моментално лудува по нејзината играчка, а таа едвај врзува крај со крај
Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2017 14:31
Замислете како ќе се чуствувате ако ја измислевте една од најпопуларните играчки на светот? Веројатно би биле горди, и задоволни бидејќи би знаеле дека ве чекаат многу пари...
Во случајот на Кетри Хетингер (Catherine Hettinger), се работи за мешавина од гордост и фрустрација. Имено, Хетингер, според пишувањето на многу странски медиуми, го создала „fidget spinner“, моментално најпопуларната играчка на светот, а од тоа нема ни еден единствен цент.
Кетрин осум години плаќала одржување на патент за изумот кој настанал уште во 1990 година, но во 2005 година повеќе не била во финансиски можности да го одржува патентот поради превисоката цена која изнесува преку 400 евра, пишува сајтот „Индекс.хр“.
„Немав пари. Толку е едноставно“, рекла таа за Гардијан.
Едвај врзува крај со крај
И додека прозиведувачите и продавачите на „fidget spinner“ задоволно тријат раце и полнат џебови, оваа 62-годишна жена едвај врзува крај со крај. Ја продала куќата и купила поевтин стан, и го исклучиле телефонот бидејќи немала пари како би платила сметки и се надева дека еден ден ќе има доволно пари за да купи автомобил кој работи нормално.
„Тешко е да се биде пронаоѓач. Дури околу 3 отсто од изумите донесуваат пари. Гледав како многумина пронаоѓачи ги стават куќите на хипотека и губат се. Земате потстанари, ви помагаат пријатели и роднини. Тешко е“, раскажува таа за Гардијан и признава дека денес би била во целосно поинаква ситуација ако продолжела да плаќа одржување на патентот: Не би имала проблеми. Тоа би било добро“.
Сепак, и покрај се, тврди дека не е огорчена, туку популарноста на „fidget spinner“ ја охрабрува.
Како настанал оригиналниот „spinner“
Што се однесува до настанувањето на изумот таа тврди дека се почнало едно грозно лето во раните деведесетти години кога боледувала од miastenije gravis, автоимуно пореметување кое предизввикува слабеење на мускулите, а во тоа време морала да се грижи и за својата ќерка Сара.
„Не можев да ги подигнам играчките ниту да си играм со неа. Почнав да правам некои рбаоти од весници и самолеплива трака. Не се работеше ни за прототипови, туку за играчки со кои си играше мојата ќерка. Кога нешто ќе и се допаднеше, јас ќе го направев тоа. Но, тогаш под сплет на околности ја создадов и првата немеханичка верзија на „spinner“. Тој настана благодарение на заедничката работа на мене и мојата ќерка“, вели Хетингер која следните неколку години ги поминала претставувајќи и продавајќи го својот изум. Но, заработката била толкава колку да ги покрие трошоците на производство.
Патентот го осигурала во 1997 година , а баш кога изгледало дека се би можело да тргне во вистинска насока, големиот произведувач на играчки „Hasbro“ 2005.година се откажал од производството на „spinner“,а се откажала и Хетингер која тогаш престанала да плаќа одржување на патентот.
Големата грешка не ја предомислила. Продолжила да ја работи таа работа како би можела да си ги плати сметките, а работи и како советничка на изумители во Флорида. Ја почнала кампањата на „Кикстартер“ како би почнала да произведува оригинални „spinner“ играчки, но ситуацијата во овој момент не буди премногу надеж за позитивен исход.
Некои медиуми пишуваат дека Хетингер не е изумител на оваа интересна играчка, а таа сама рекла за Блумберг дека не знае дали нејзиниот патент би можел да се примени на денешните „spinnerи“. Експертите за патенти исто така се скептични. Како што стојат работите, веќе неколку месеци веројатно нема ни да ни е грижа за него.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





