15 Декември, 2025
0.0408

ЦЕЛА НОЌ СОБРАНИСКА СЕАНСА ЗА ГАМА - опозицијата дебатираше, власта не собра доволно гласови

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2020 09:02

Добивај вести на Viber

Пратениците цела ноќ дебтираа околу предлог-законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол околу заедничкото друштво за природен гас ГА-МА. 

Расправата заврши пред околу еден час, без гласање, откако парламентарното мнозинство не собра доволно пратеници за тоа. 

Инаку, со неколку паузи, оваа расправа почна вчера и траеше непрекинато цел ноќ се до раните утрински часови. Иако беа исцрпени сите 39 дискутанти од опозицијата, сепак, законот не беше изгласан бидејќи не беа присутни доволен број на пратеници од мнозинството.

„21 час непрекината битка во Собрание. Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГА-МА. Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО-ДПМНЕ власта не може“, напиша на фејсбук потпретседателот на ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски. 

Инаку, како што е познато, опозицијата се спротивставува на носењето на законот со кој Владата треба да му исплати над 30 милиони евра на Макпетрол, со што практично државата ќе стане целосен сопственик на ГА-МА. 

За премиерот Зоран Заев смета дека е надвор од здравиот памет она што го прави опозицијата во Собранието, каде што се обидува да го блокира донесувањето на Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ по пат на спогодба.

Ова тој го кажа во вчерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5.

„Во моментов во Собранието се блокирани законите за енергетска ефикасност, за земјоделските кредити кои што треба да влезат во трите откупни центри во државата и слично, што е надвор од рационалното. Но, ова што го слушнав што се разговара за гасоводот, тоа е надвор од здравиот памет“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат