17 Декември, 2025
0.0439

Наздравје: Цената на алкохолот оди нагоре и до 10 проценти!

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2013 22:39

Добивај вести на Viber

Наскоро ќе поскапат алкохолот и цигарите. Надлежните планираат зголемување на акцизите и за алкохолните пијалоци и за тутунот. Според најавите акцизата за пивото ќе се зголеми од три на четири денари по литар, додека кај другите алкохолни пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол. Со новите измени во Законот за акцизи, се проценува дека зголемувањето на акцизите ќе значи и поскапување на алкохолните пијалоци за најмалку 10 отсто. Според Министерството за финансии, зголемувањето на акцизите е со цел да се  усогласат директивите со Европската Унија. Генералниот директор на Скопска Пивара, Јаак Микел посочува дека тие веќе ја известиле Владата за она што ќе се случува по зголемувањето на акцизите. За колку ќе поскапи и како тоа ќе се одрази врз работењето на компанијата сѐ уште нема точни проценки, но менаџментот се надева дека во дијалог со Владата ќе се најде прифатлив модел. Од останатите пиварници во земјава се уште не излегле со став како зголемувањето на акцизите ќе се одрази на цената, но јасно е дека македонските пивопијци нема да се најсреќни со новата давачка. Од друга страна се очекува поскапувањето дае биде силен удар и врз угостителскиот бизнис во земјава. Во однос на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено зголемување на  акцизата во наредните десет  години.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје