ЦЕНАТА НА КВАДРАТОТ РАСТЕШЕ И ПО 300 ЕВРА МЕСЕЧНО, НО СЕГА МОЖЕ ДА СЛЕДИ ПРЕСВРТНИЦА - на светскиот пазар се случува нешто што многумина не го очекуваа
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2022
Во претходните две години бевме сведоци на ненормален раст, како кај градежништвото, така и кај цените, што во неколку наврати резултираше со месечно зголемување на просечниот метар квадратен и до 300 евра. Сега, на меѓународно ниво, се појави фактор кој може да го сврти целиот тренд во спротивна насока, пишува Блиц.рс.
Во Македонија состојбата е ваква.
На изненадување на многумина, во последните две недели на светските берзи е забележан прилично сериозен пад на вредноста на цената на железото. Според веб-страницата tradeeconomics, цената на суровото железо за тон моментално е 115 долари, додека на 8 јуни била 142,4 долари за тон.
Имајќи предвид дека челикот има многу широк опсег на употреба во неколку индустрии, вклучително и градежната индустрија, трошоците на овие индустрии сега почнуваат да паѓаат. Следствено, сето тоа влијаеше на цената на новата градба. Ако продолжи падот на челикот, голема е веројатноста просечната цена на становите, која на пример во Белград кај старите згради е 1.680 евра, а кај новоградбите 2.165 евра, да оди надолу.
Цени по квадратен метар во Србија
Според најновиот извештај на Републичкиот завод за геодетски работи, на пазарот на недвижности во првиот квартал од годинава се свртени 1,6 милијарди евра, што е за 23,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Повеќе од половина од тие пари се потрошени за купување станови - 889,5 милиони евра.
Во истиот извештај се наведува дека за една година цената на станбените квадрати во цела Србија се зголемила од 5 до 23 отсто. Старата и новата градба поскапеа, а најголеми скокови на цената се забележани во Ниш, а најмали во Крагуевац.
Според податоците во извештајот, најевтиниот квадрат во главниот град за станови кои веќе имале сопственици бил 400 евра, најскапиот 4.902 евра, а во просек 1.680 евра. Кога станува збор за нови станови, цените се движат од 600 до неверојатни 9.115 евра, додека просечната квадратура на нова градба е 2.165 евра. Стан во нова зграда во Нови Сад чини просечно 1.505 евра за метар квадратен, за 16 отсто повеќе од пред една година, а во стара зграда од 1.255 се искачи на 1.517 евра. Во Ниш стан од 50 квадрати во стара зграда поскапува речиси за 10.000 евра. Наместо ланската цена од 831 евро, сега квадратот во просек е 1.020 евра, што е зголемување за цели 23 отсто.
Клучен ќор-сокак на кинескиот пазар
Цената на железната руда ги отфрли сите свои добивки за оваа година, бидејќи инвеститорите се исплашиле од падот на кинеската побарувачка, пишува Фајненшл тајмс, додавајќи дека тоа е проблем за некои од најголемите светски рударски компании.
Според S&P Global Plats, железната руда ослабела за 8 отсто вчера и паднала на најниско ниво во последните шест месеци. Аналитичарите предупредуваат дека сега може да падне на околу 100 долари за тон, за прв пат од ноември, доколку кинескиот пазар на недвижности остане во застој. Оваа земја сочинува околу половина од глобалното производство на челик.
- Почетоците на изградбата оваа година не беа доволно силни и конечно исчезнаа нарачките, вели за ФТ Колин Хамилтон, раководител на стоковно истражување во BMO Capital Markets. „Железарницата сега мора да го намали производството.
На пазарот на недвижности отпаѓаат 40 отсто од вкупната побарувачка на челик во Кина, но изградбата на нови домови падна оваа година бидејќи Пекинг одлучи да ја преземе контролата врз цените на тој пазар и конечно да го намали нивото на долг кон големите градежни компании.
– Мај беше особено лош, падна меѓу 30 и 40 отсто во однос на минатата година, изјави Хамилтон.
Во исто време, челичната индустрија во земјата продолжи да одржува стабилно производство, од околу 1,1 милијарди тони годишно.
Извор: Блиц.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.