18 Декември, 2025
0.0384

ЦЕНИ И СТАНДАРД: И можниот раст на персоналецот ќе ја “подгрее“ инфлацијата?

Објавено во: Економија 03 Мај, 2018 06:30

Добивај вести на Viber

Поскапите цигари, зголемената акциза за дизелот, но и растот на минималната плата се дел од факторите кои во периодот што доаѓа ќе влијаат врз зголемување на инфлацијата. Според најновиот документ “Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП“ што го објави Народната банка, годинава и во 2018 та, според економските аналитичари,  се очекува зголемување на инфлацијата. Конкретно, според оценките на економистите, за 2018 и 2019 година, просечната стапка на инфлација ќе изнесува 1,9%, а потоа дека минимално ќе забрза достигнувајќи 2,0% во 2020 година.

Меѓу факторите кои ќе влијаат врз инфлацијата е посочена и можната промена на стапката на персоналниот данок на доход.

“Испитаниците ја објаснуваат нагорната патека на инфлацијата за наредните години со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, повисоката акциза за дизел-горивата, зголемувањето на акцизата на цигарите, либерализацијата на пазарот на електрична енергија за домаќинствата, секундарните ефекти од најавените промени во персоналниот данок на доход и очекуваниот раст на цената на нафтата на светскиот пазар“ – соопштува НБМ повикувајќи се на одговорите, односно оценките и очекувања на аналитичарите.

Според најавите на Министерството за финансии, наскоро треба да почне јавната дебата во однос на даночните реформи, пришто на маса ќе се стави висината на платата која треба да се оданочува со повисока стапка на персоналец и висината на стапките на персонален данок на доход. Како фактор кој ќе има ефект врз забрзување на нивото на инфлација е и неодамнешното поскапување на цигарите, како последица на законски утврдена динамика за раст на цените на оваа акцизна стока поради усогласување со европските еко-стандарди.

Очекувања на експертите за раст на економијата …..

По стабилизација на политичката сцена во земјава во втората половина од 2017 година, сега економистите очекуваат закрепнување на економските движења.

“Во поглед на економската активност, просечните очекувања за реалниот раст на БДП изнесуваат 2,2%, 2,8% и 3,1% за 2018, 2019 и 2020 година, соодветно. Испитаниците го поврзуваат закрепнувањето на активноста со стабилизирањето на политичката состојба во земјата во втората половина на 2017 година, продолжувањето на проектите поврзани со патната инфраструктура, повисокиот раст на личната потрошувачка поврзан со зголемената минимална плата и кредитирањето, како и со очекуваниот раст на довербата на домашните и на странските инвеститори. Во однос на декемвриската анкета, испитаниците имаат малку послаби очекувања за растот во 2018 и 2019 година (за 0,3 п.п. и 0,2 п.п., соодветно)“ – се наведува во објавената анкета на НБМ.

Денеска гувернерот на Народната банка ќе објави редовна ревизија на макроекономските проекции поврзани со растот на БДП и инфлациските движења. Инаку, сегашните проекции на НБМ за економскиот раст се пониски од проекциите на Владата, и според информациите, не е исклучено НБМ да направи корекција во нагорна линија, со оглед на политичката стабилизација и оценката во мартовскиот извештај дека податоците упатуваат на поповолни движења од почетокот на годинава.

Економско закрепнување покажаа и податоците за раст на индустриското производство кое во март годинава, во споредба со март лани е зголемено за 4,6%. Во исто време, индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани е зголемен за 5,2%.  

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје