ЦЕНИТЕ НА ЦРЕШИТЕ ГИ ШОКИРАА КУПУВАЧИТЕ: Ќе имаме ли домашни и колку ќе чинат?
Објавено во: Македонија, Агробизнис 12 Мај, 2025 07:36
Граѓаните реагираа за високите цени на килограм цреши кои достигнуваат до 1.200 или 1.300 денари, а овоштарите од земјава велат дека летово нема да има доволно овошје и секако ќе биде поскапо.
Во однос на црешата, очекуваат многу помал род од претходните години, но се согласуваат дека цените поради кои граѓаните се бунат, се навистина високи. Дел од овоштарите велат дека летово црешата ако ја има на пазарите, би чинела околу 200 денари за килограм. Општо, повеќето овошни дрвца пролетва претрпеа штета, измрзнаа и ова лето овошјето ќе биде скапо.
„Наши уште нема, тие цреши сигурно се увезени. Цената на нашите ќе зависи колку ќе има род, но од тоа што ги гледаме дрвцата, кајсии нема, праски исто, црешите ќе бидат помалку од пола, времето не им оди во прилог, топло, ладно. Таа цена oд 1.300 денари е превисока. Немаме претстава колку би чинеле нашите цреши годинава, важно е само да биднат. Не би требало да бидат повеќе од 200 денари, но зависи кој како ги одгледува, дали ги прска, колку му се трошоците за кроење. Сигурно овошјата ќе бидат скапи ова лето. Јас не би купила толку скапи цреши од 1.200 денари“, вели овоштар од селото Виниче.
Купувачите откако ги виделе цените во маркетите, дури споредија дека килограм цреши чини колку ноќевање во Дојран. Некои се збуниле и мислеле дека се работи за грешка. Според граѓаните, цените „дивеат“ и навистина би било тешко еден родител да му угоди на детето ако сака цреши кои чинат 20 евра за килограм. Велат дека да се купи половина килограм или 300 грама, би поминале поевтино, но практично ќе земат малку, колку да пробаат.
„За наш стандард е премногу. Реално да зборуваме, 1.300 денари се премногу. Може да се помине и без нив. Како луксуз ќе бидат, не се како компир или друг продукт со кој може да се направи ручек и сите да јадат. Во другите држави, според стандардот, таа е цената. Имам другар кој од Грција ги увезе за 9.5 евра. Македонска цреша мислам нема да има годинава, уништена е. И да има, тоа е мал процент, птиците ќе го уништат остатокот. Моите се уништени 100 отсто, и во Преспа правев муабет, исто, и во Охрид е уништено“, вели Александар Јанески, овоштар од битолско.
Минатиот месец, измрзнаа многу овошни насади во земјава. За високите цени на црешите деновиве пишуваа и медимите во регионот. Турските цреши ги има на бугарските пазари и чинат 40 евра за килограм. Ги продаваат во чаши од 100 грама за 4 евра, потврдил Коста Петров, претседател на Бугарското здружение на праски во Сливен. Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), лани се произведени 5.537 тони цреши, во 2023 година количината била 3.928 тони, а во 2022 година 5.768 тони. Но, претходно, имало и години кога производството на цреши во Македонија било над 6.000 тони.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





