17 Декември, 2025
0.0378

Цените на енергентите ќе не дрмаат и следните месеци, енергетичарите не очекуваат поевтинување

Објавено во: Економија 27 Јули, 2022 07:42

Добивај вести на Viber

И покрај очекувањата дека во текот на летните месеци цените на енергенсите ќе се намалат, односно дека ќе добијат некои разумни граници, сепак, тоа не се случи. Ова лето сведоци сме на високи цени на енергентите, кои никако да се намалат, за спуштање до нивоата пред кризата никој не очекува, но енергетичарите велат дека има оправдани причини за страв дека енергенсите ќе станат уште поскапи во есенските месеци.

Сепак, енергетичарите, смируваат и велат секогаш има опции, и ако навреме се подготват Владите и се обезбедат резерви на јаглен, мазут, па и гас, нема причини за страв од недостиг или дополнителен драстичен раст на цените на енергенсите.

-  Правењето проекции за цените на енергентите стана несигурно. Забележуваме дека ниту летово цените не се стабилизираа, а тешко дека во следниов период ќе бидеме сведоци на некоја стабилизација. Со доаѓањето на зимата, односно со доаѓањето на есента, кога започнува греењето на домовите, особено ако се случи да се стопира испораката на гас кон Европа, можно е драстично поскапување на енергентите. Очекувано, или вообичаено есенски период цените им се зголемуваа, токму поради зголемените потреби за загревање. Сега дури гледаме дека многу земји се подготвуваат да користат мазут и јаглен, и се врши зголемена набавка на овие горива за да има за зимните месеци – вели професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Тој за Фактор потенцира дека дел од големите земји, меѓу кои и Герамнија веќе набавуваат и складираат резерви на мазут и јаглен, со цел да се снабдат со доволно количини за зимните месеци. Според него, дел од растот на центие е и фактот што голем број земји се снабдуваат со фосилни горива навреме, за да не се најдат во ситуација да нема кога ќе биде најстудено.

Чаушевски посочува оти се надева дека минатогодишната лекција е научена и дека и домашните креатори на политики веќе пристапиле кон набавка и кон зголемен ископ на јаглен, за да не ни се повторат ланските непријатности.

-  Кризата и растот на цените на енергентите лани започна август, уште повеќе септември, и на некој начин државата беше затечана од случувањата. Сега бидејќи занеме што може да се случи, веројатно веќе се подготвуваме со поголем ископ на јаглен од домашните наоѓалишта, но и со поголем увоз, со цел да има доволно залихи на јаглен за зимните месеци. Исто така треба да се набави и мазут, да се складираат резерви и од него, иако и неговата цена на светските берзи е доста висока. Сепак, имајќи предвид потребите на земјата, резерви се неопходни, за да нема пак недостатоци на енергија – укажува Чаушевски.

Професорот од ФЕИТ за Фактор појаснува оти не очекува  да ни се случи ситуација во која нема да има топлинска енергија, или парно греење за жителите на главниот град, дури и во ситуација Русија да реши да ги стопира вентилите и да не испорачува природен гас за европските земји.

-  Топланите во Скопје имаат опција да работат на гас или на мазут. Ако нема гас, тогаш топлинската енергија ќе се добие со мазут, иако мора да сме свесни дека и тој е многу скап. Дополнителна алтернатива би бил азербејџанскиот гас кој може да се донесе преку бугарскиот гасовод и за кој веќе има преговори. Не очекувам да немаме топлинска енергија, но колкава ќе биде цената, ќе видиме – додава Чаушевски.

Деновиве како што објави Фактор, цената на гасот во Европа значително се зголеми и надмина 1.900 долари за 1.000 кубни метри за прав пат од 14 јули. Поскапувањето како што пишуваа европските медиуми пристигна порано отколку што се очекуваше.

И светските енергетичари предупредуваат дека можни се дополнителни поскапувања и несигурност кога се енергентите во прашање. На оваа тема пишуваше и Даниел Јергин, потпретседател на S&P Global, и автор на „Новата мапа: Енергија, клима и судирот на нациите“,добитник на Пулицерова награда.

-  Денешната глобална енергетска криза би можела да биде уште полоша во споредба со она што светот го доживеа во 1970-тите години. Тоа многу ќе зависи од поголемата и информирана соработка меѓу државите и лидерите во дејностите, при што креаторите на политики се оние кои правилно ги разбираат и управуваат со енергетските текови од кои зависат современите економии.Дали денешнава енергетска криза е исто толку сериозна како и сличните претходни кризи? Тука особено се мисли на нафтените шокови кои се случија во 1970-тите години? Тоа е прашањето што се поставува ширум светот, при што потрошувачите се засегнати од високите цени, бизнисите се загрижени во однос на снабдувањето со енергија, политичките лидери и централните банки се борат со инфлацијата, а државите се соочуваат со притисоци во нивниот платен биланс.Во таа смисла, оваа енергетска криза е подеднакво сериозна. Всушност, денешнава криза е потенцијално и полоша – напиша Јергин во својата анализа.

Според него, енергетска криза кога побарувачката на енергија, односно во моментот кога светот излезе од пандемијата со Ковид-19.

-  Следниве шест месеци ќе бидат критични и ќе ја стават на тест способноста на Европа за тоа дали ќе може да маневрира низ претстојната зима. Европа ќе треба да користи повеќе јаглен. Во тешките месеци што претстојат, ќе биде потребна поголема и поинформирана соработка помеѓу државата и дејноста која управува со енергетските текови од кои зависат современите економии – потенцира Јергин.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас