21 Април, 2025
0.0267

Централата ТЕ-ТО исклучена поради невремето

Објавено во: Економија 19 Јули, 2024 11:35

Добивај вести на Viber

Во позадина може да се видат паднатите столбови поради кои голем дел од Скопје остана без струја, а производството на ТЕ-ТО беше прекинато

Поради силното невреме што вчера го зафати Скопје и двата паднати столба кај Вардариште, морало да биде исклучена гасната централа на ТЕ-ТО АД, најголемиот приватен производител на електрична енергија во земјата.

Столбовите чија конструкција попуштила поради невремето, но и поради тоа што кров од објект се заглавил на еден од далеководите, од ЕВН Електродистрибуција и МЕСПО побарале од ТЕ-ТО да го исклучи производството, за да може да се работи на локалната мрежа.

Повеќе од 12 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. Од ЕВН контакт центарот информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот. Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Централата започнала повторно да произведува струја пред половина час,откако синоќа во 02.00 морало да биде исклучена. Од таму велат дека гасната постројка за прв пат во историјата морало да се исклучи поради штета од невреме.

За овој период претрпената штета на ТЕ-ТО, покрај тоа што било сопрено производството, е и направениот дебаланс со непланирани неиспорачани договорени количини и трошокот за рестартирање.

Можеби ќе ве интересира

ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“