Централната банка на Јапонија гледа закрепнување на економијата
Објавено во: Свет 11 Јули, 2013
Економијата на Јапонија почнува полека, но сигурно да закрепнува, соопшти Централната банка на земјата.
Cепак, како што посочија оттаму, позитивната оценка на економијата не значи дека ќе дојде до промена на големата програма за монетарно олеснување.
Централната банка прв пат наведува дека третата по големина економија во светот е на пат кон експанзија по повеќе од две години.
Банката нема да го менува планот за инјекција на околу 600 милијарди долари во економијaта за една година.
Благодарение на силната домашна побарувачка и забрзување на растот на меѓународните економии, јапонската економија почна да бележи умерено закрепнување, се вели во соопштението на Банката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.