Добивај вести на Viber
Меѓународниот монетарен фонд да си оди од земјата, побара претседателот на Унгарската централна банка Гиорги Матолчи, поранешен министер за економија во владата на премиерот конзервативец Виктор Орбан.
Како што пренесува Франс прес, во писмото испратено до директорот на ММФ Кристин Лагард, Матолчи му заблагодари на Фондот за помошта на Унгарија, кога земјата беше на работ на банкрот. Вкупно Унгарија добила кредит од 20 милијарди евра од ЕУ, ММФ и Светската банка.
Централниот банкар на Унгарија објаснил дека неговата земја ќе ги врати последните обврски кон ММФ (близу 2,2 милијарди евра) до крајот на годината.
“Во почетокот на 2013 година ММФ ја заврши процедурата за својот заем. Затоа на Фондот веќе не му е потребно да го задржи своето биро во Будимпешта”, наведува Матолчи.
Според унгарскиот економски портал Portfolio владата на Орбан сака да покаже независност од Фондот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.