Чаир и Аеродром имаат најмногу заболени - што е со другите општини?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Август, 2020
Во главниот град досега Ковид - 19 е дијагностициран кај 5.000 луѓе, а 1.231 се активни.
Како што соопшти Министерството за здравство, денеска во Скопје се оздравени 103 лица, а тројца починаа од коронавирусот.
Чаир има најголем број на заразени. Во оваа општина има 164 активни, а зад неа е Аеродром со 139 позитивни. Бутел има 80, а Гази Баба 121.Во Центар има 101, а во Карпош 110, додека Сарај е зад нив со 54 заразени.
Во Општина Кисела Вода има 129, во Студеничани 42, во Шуто Оризари 100.
Во Ѓорче Петров заболени се 88, во Арачиново – 21, во Илинден – 22, Петровец – 17, Чучер Сандево – 8, Сопиште – 20 и Зелениково- 6.
За 24 часа во Македонија има 113 нови заболени од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.