02 Декември, 2024
0.0266

Чајна кобасица само за мрсни слави, печеница може за Нова година!

Објавено во: Агробизнис 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Растот на цената на замрзнатото месо за преработка на светските пазари, ги поскапе и домашните сувомеснати производи. Дел од преработувачите во месната индустрија најавија дека веќе од денеска своите сувомеснати производи  ги продаваат по повисоки цени. Причината за ваквата одлука е кризата за добиточна храна која ја придонесе и за поскапувањето на цената на месната суровина на светските пазари. Така цената на замрзнатото говедско месо на светските пазари достигнала и до 5 евра за килограм. - Нема друг излез, ако сакаме да го одржиме производството, бидејќи вака работиме само со загуби. Оваа цена, ја диктираат светските пазари за месна суровина, ако таму расте цената, тогаш тоа неминовно е да влијае и врз нашите преработки од месо, а ние сме увозоно зависни од замрзнато месо. Јас сум принуден моите сувомеснати производи да ги зголемам за околу 7 отсто, вели Арбен Абдурахмани, директор на живинарската фарма “Везе Шари” од тетовското село Требош. Агробизнисмените велат дека со сегашните цени работат со загуби. Македонија е исто така увозно зависна и од свинското замрзнатото месо,  кое месната индустрија го користи за производство на салами, кобасици и други месни преработки. Во моментов на светските пазари ова месо се движи од 3,5 до 4 евра за килограм. Податоците покажуваат дека Македонија годишно увезува 12.000 тони замрзнато свинско месо, за што од буџетот се трошат околу 40 милиони евра. - Со сегашните цени ние веќе работиме со загуби, значи сега е прашање не како да заработиме, туку како да го преживееме овој тежок период, што е на глобално ниво. Сите земји од регионот ги поскапеа цените,  и по она намалување што некои од нив го сторија, повторно се повисоки од нашите цени. Зголемувањето на цените на сувомсенатите би било од 7 до 10 отсто. Македонија во моментов има за околу 15 отсто поевтино месо и месни преработки, од земјите од регионот, вели Перо Колевски, директор на агроиндустриската групација “Агриа”од Велес. Дел од агробизнисмените од месната индустрија велат дека доколку состојбата со цената на суровината до февруари следната година не се стабилизира, ќе претстои уште едно поголемо поскапување на цените на преработките од месо. Од друга страна цената на свежото свинско месо, до крајот на годината ќе остане непроменета, но само ако цените на добиточната храна останат на сегашното ниво. Според нивните проценките Владината мерка за интервенција преку стоковите резерви, би било подобро да биде од почетокот на следната година, кога се очекува кризата за добиточна храна и цените да кулминираат. - Мерката е добра, но ако сега се искористи, тогаш што ќе правиме во јануари и февруари следната година, кога цените ќе растат и тоа многу. Мислам дека би било добро сега, да се користат оние малку залихи од добиточна храна, само колку да се преброди до крајот на годината, да не трпиме загуби, не зада заработуваме, објаснува Колевски Главната причина од каде што потекнува денешното поскапување на цените на основните прехрамбени производи, е сушата која го зафати целиот свет. Драстично се намалија приносите од пченка, пченица, јачемен и соја, што доведе до недостиг и поскапување на овие житарки за добиточна храна, на светскиот пазар. Но, агробизнисмените проблемот не го гледаат само во сушата. Предупредуваат дека веќе е време да се презмат сериозни мерки за подолгорочен период за развој на македонското сточарство. Предлагаат при распределбата на земјиштето предност да имаат фармерите за да се зголеми производството на житарки,  да се намали ДДВ-то од 18 отсто за сточарскиот фонд и добиточната храна, да се стимулира големото стоково производство и да не се ограничуваме на бројот на предадени грла или на килограм повеќе предаден готов производ, и крајно најважно надлежните да посветат посебно внимание на одржувањето на хидросистемите за наводнување.  - Сточарството е посебно поглавје кое досега и покрај големите средства одвоени за него, на годишно ниво 35 милиони ЕУР, не ги дава саканите резултати. А увозот на месо останува и понатаму со повеке од 100 милиони евра дефицит во државниот буџет. Затоа е чудно зошто  и во наредниот петгодишен период се продолжува и понатаму на истиот начин да се трошат овие средства, а ефектите ни приближно да не се постигнуваат. Ова укажува дека промените се неопходни, вели Владо Ѓоргиев, од МИК Свети Николе, воедно и претседател на потсекторската група за месо во МЗСВ. Вкупните потребите за добиточна храна во земјава се движат од 200.000 до 220.000 тони на годишно ниво. Од нив околу 130.000 до 150.000 тони се зрнеста добиточна храна. Најмалку 80.000 тони или околу 65% од потребите за добиточна храна се покриваат со увоз,  само 35% се од домашно производство,  а во сушни години и помалку. Ваквата состојба доведе и до намалување на производство на месо. Статистичките податоци покажуваат дека, за четири години домашното производство на месо е намалено за 20 отсто. Годишните потреби на Македонија од свежо свинско и  месо за преработка изнесуваат близу 11.000 тони, 20.000 тони се потребите за телешко месо и околу 22.000 тони за пилешко месо, количества кои во голем дел се покриваат од увоз. Па затоа и последните статистички бројки за тоа колку пари се одлеваат од буџетот по однос на овие ставки последните години се поразителни. Ако во 2007 година увозот чинел близу 72 милиони евра, минатата година се потрошиле речиси 100 милиони евра за покривање на домашните потреби за месо. С.Ј.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.