22 Декември, 2024
0.0346

„ЧАВКОВ ИМА ТРИМЕСЕЧЕН ПРЕКИН КОЈ ЗАВРШУВА ВО НОЕМВРИ“: Пандов за состојбите во затворите

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Инфраструктруни и системски реформи им недостигаат на македонските затвори. Дополнително потребни се бар уште 300 до 400 луѓе за нормално функционирање на затворите. Ова го посочува директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов за состојбата во затворите низ државата која според него е загрижувачка. 

- Пред сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година -ели Пандов.

Една од причините за дефицитот на затворската полиција, според Пандов, е тоа што полицајците ги напуштале своите работни места од безбедносни причини, нешто, кое што, вели, дека нема да биде случај во иднина.

- Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци.Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани - посочува Пандов.

Кон крајот на месецов очекува да профункционира и интервентната единица во затворите. 

Има затвори, вели Пандов, во кои е неопходна инфракстурктурна инвестиција.

- За жал, има одреден број на затвори во кои инфраструктурно мора да се инвестира и тоа сигурно дека ќе биде направено во идно време. Инфраструктурно кога говорам, исто така е голем проблем што за жал во „Идризово“ е завршена само првата фаза од неговата изградба. Уште од 2010 година, Македонија доби заем од Банката за развој при Советот на Европа за изградба на супер нов затвор во Идризово и завршена е само првата фаза. Во минатите седум години не е направено ништо, а притоа, кога би била завршена и втората фаза би било направено супер ново и современо затворено одделение. Она што за мене е многу важно е притворското одделение. Би имало и нова кујна, нова амбуланта за затворениците, кога би се направило тоа - вели Пандов.

Појаснува дека дел од позајмените пари се потрошени за отвореното и полуотвореното одделение, а остатокот се под мораториум затоа што, како што информира, при контролите на Комитетот за превенција од тортура имало големи забелешки за македонските затвори.

- Од Комитетот треба да дојдат од 7 до 10 октомври во Македонија, ќе имаме состанок, меѓутоа ќе имаат состанок и со министерот за правда Игор Филков и со премиерот Христијан Мицкоски. Јас и повиканите ќе направиме сѐ да ги увериме дека правиме и ќе правиме сѐ за подобрување на забелешките што ги имаме од нив за да можеме да започнеме. Се надевам дека в година ќе започнеме, ќе го распишеме тендерот и ќе ја почнеме втората фаза - дополнува Пандов.

Како главни цели ги издвојува изградбата на втората фаза и пуштањето во употреба на судницата во затворот „Идризово“.

Она што го загрижува, како што вели, е начинот како биле чувани затворените лица. Според првичните информации, осудените лица во одредени затвори излегувале и влегувале кога сакале. 

- Не велам дека во сите затвори тоа се случувало, но имаме докази и веќе е информирано и Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека одредени директори на затвори, буквално се однесувале во стилот на Луј 16 - „државата, тоа сум јас“, вели Пандов.

Информира дека наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, меѓу кои има и осуденици од „27 април“, вели дека нема гаранција исто како и за затворениците кои ги пуштаат на викенд.

- На најголем дел од нив веќе им се завршени прекините и се вратени во затворите. Не мал дел од нив, во меѓувреме имаат побарано од судовите да им се издадат подолги прекини. Како најзвучно име за кое имаше прекин е поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Во меѓувреме, колку што сум информиран од затворот, господинот Чавков, има добиено тримесечен прекин кој му завршува во ноември. Не мал дел од другите лица осудени за 27 април имаат добиено од судовите повторно прекини, некој на месец, некој на два. Гаранција не постои, како за секој кој со закон ќе биде пратен на 30-45 или 60 дена, кога ќе го пуштиме на викенд, ако не е вратен, тоа значи дека е во бегство, ние веднаш го информираме Министерството за внатрешни работи и тој осуденик се води како во бегство - појаснува Пандов.

Проблемот со пренатрупаноста во затворите, според Пандов, може во голема мера да се реши со Законот за пробација.

- Има два начини да се реши тоа. Едниот е побавен, меѓутоа во голема мера ќе ги реши работите. Тоа е она што го говорев - сите да засукаме ракави и час поскоро да почне со изградба втората фаза на затворот „Идризово“, затоа што над илјада легла ќе се добијат со завршување на втората фаза. Меѓутоа, има уште една работа што би сакал да ја потенцирам, а тоа е Законот за пробација со кој осудениците имаат право на условен отпуст, посочува Пандов.

Според директорот на Управата за извршување на санкции, работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците. Вели дека ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто. 

- Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2.400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број на затвореници да бидат работно ангажирани, вели Пандов.

Информира дека само во мал број на затворите има фарми каде одреден број на затвореници се ангажирани, а најголем дел од земјиштата стојат неискористени.

Важно е, вели Пандов, затворениците да се оспособат за време на издржувањето на казната со цел да можат да се адаптираат откако ќе излезат од затвор. 

- Не гледам зошто не ги научиме на некои занаети за кога ќе излезат да бидат оспособени да преживеат. Таков ни е системот што човек кога ќе излезе од затвор, едноставно не сме го осудиле, меѓутоа, не сме го оспособиле да може да функционира надвор од заворот и тоа е веројатно главната причина зошто не мал дел од нив повторно се враќаат во затворите, вели Пандов.

Извор и Фото: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ - постара жена измамена за 28 илјади евра, МВР го расчистува случајот

ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ - постара жена измамена за 28 илјади евра, МВР го расчистува случајот

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА - „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА - „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје