Чеченец го призна убиството на Немцов, петмина осомничени за злосторството!
Објавено во: Свет 08 Март, 2015 19:02
Eден од петмината осомничени Чеченци за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов ја признал вината, соопшти судот во Москва, јави НТВ.
Заур Дадаев, кој беше уапсен во Ингушетија, потпишал индикации на признанијата.
Обвинувања за убиството на 27 февруари во центарот на Москва беа покренати и против Анзор Губашев (33 година).
Пред суд беа изведени и осомничените Шагид Губашев (31 година, брат на Анзор), Тамерлан Екскерханов и Хамзад Бахаев.
Анзор се изјаснил за невин, Шагид изрази сочуство и изјави дека боледува од чир и хемороиди. Екскерханов пак изјавил дека има алиби - бил на работа, и дека требало да се грижи за својата бремена жена.
Бахаев рекол дека за убиството на Немцов разбрал од медиумите, додека бил дома и побарал да биде ослободен, бидејќи имал 6 деца.
Судот ги остави сите во притвор - Дадаев и Анзор до 28 април, Шагид - до 7 мај, а Бахаев и Ескерханов до 8 мај.
Според сајтот „Кавказки узел“ Дадаев бил заменик-командант на чеченскиот спецбатальон на МВР "Север", се издвојува во неколку наврати, вклучувајќи го и фактот дека бил одликуван во 2010 година со орден за храброст од тогашниот претседател Дмитриј Медведев. Бил братучед на браќата Губашеви.
Анзор работел како телохранител во супермаркет во Москва, а Шагид возел камаз во Подмосковјето.
Спорер руски медиуми 6-тиот осомничен за убиството се самоубил вчера при обид на полицијата да го уапси во неговиот дом во Грозни.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




