05 Декември, 2025
0.0400

ЧЕКАШЕ И ДОЧЕКА – Студентските ваучери официјално стартуваа

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2025 14:27

Добивај вести на Viber

По успешно завршената кампања за предрезервации „Не се нервирај – Предрезервирај“, компанијата Анхоч ја продолжува својата поддршка за студентите со новата кампања „Чекаше и Дочека“, со која официјално започнува реализацијата на студентските ваучери за 2025 година.

Изминатиов период беше особено предизвикувачки,  со најавени над 50.000 студентски ваучери и големи очекувања од младите, ИТ секторот се најде пред сериозен предизвик да обезбеди доволно избор, брза услуга и стабилен процес.


Анхоч уште еднаш се покажа како лидер во технолошката поддршка на студентите, прв ја воведе системската предрезервација на уреди, а сега го стартува процесот на реализација.

Од предрезервација до реализација,  студентите конечно дочекаа!

Со активирањето на ваучерите, студентите можат да го одберат својот уред директно од широката понуда на лаптопи, таблети и десктоп компјутери.
Понудата е креирана врз основа на анкетата во која учествуваа илјадници студенти, а фокусот е ставен на уреди кои ги покриваат различните академски, креативни и професионални потреби:

  • Лаптопи: Од практични модели за предавања и запишување белешки, до моќни машини за програмирање, видео-обработка и гејминг.
  • Таблети: Идеални за читање, дигитални белешки, онлајн предавања и мобилна продуктивност.
  • Десктопи: За сите оние кои бараат стабилност, можност за надградба и перформанси кои ќе одговорат на сите

Совршено организиран процес, брзо, едноставно и без гужви


Студентите кои предрезервирале уред ја имаат загарантирана цената, независно од пазарните промени, уште една потврда дека компанијата стои зад ветувањето за коректност и достапност.

„Чекаше и Дочека“ - порака за студентите кои долго го очекуваа овој момент

„Знаевме колку долго студентите ги чекаа информациите за ваучерите и затоа сакавме кампања која го одразува нивниот реален момент – олеснување, мотивација и чувство дека конечно можат да го направат својот избор. ‘Чекаше и Дочека’ е токму тоа: симбол на трпението на студентите и нашата подготвеност да ги поддржиме,“ велат од Анхоч.

Достапност за секој буџет и секоја потреба

Уредите се поделени во три јасни категории за да им се олесни изборот на студентите:

  • Без доплата – уреди што ја покриваат целата вредност на ваучерот.
  • Со мала доплата – Моќни модели со подобри перформанси за покомплексни задачи и мултитаскинг.
  • Со поголема инвестиција – Врвни машини за гејминг, дизајн или програмирање со максимален перформанс.

За сите детали и комплетната понуда посетете ја www.anhoch.com

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници